Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески: Комората на иднината во служба на бизнисот за подобра економска иднина

0
By Mirjana on February 6, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 6, 2022 13:30

Комората ги има 10-те најпрофитабилни компании, 10-те најголеми извозници, 10-те најголеми производители, 10-те најуспешни бизнисмен, а во својот апарат и 10-те најдобри коморски кадри и многу домашни и регионални експерти, со што е создадена комора на иднината, за да биде во служба и на бизнисот и на државата

Во мега интервјуто на Претседателот на Бранко Азески во економскиот магазин „Економија и Бизнис“ по повод 100 годишнината од Стопанска комора на Македонија кое е веќе во продажба, претседателот Азески потенцира дека, „Комората денес во своите редови ги има 10-те најпрофитабилни компании, 10-те најголеми извозници, 10-те најголеми производители и 10-те најуспешни бизнисмени. Но, не е само тоа. Во својот апарат ги имаме и 10-те најдобри коморски кадри во државава и уште толку домашни и регионални експерти, што доволно докажува дека е создадена комора на иднината, можеби не со пет ѕвезди, но со онолку колку што е потребно за да бидеме во служба и на бизнисот и на државата“.

„Кадровскиот капацитет на Комората денеска е многу голем, најголем во државата, и во поширока и во потесна смисла. Во поширока смисла во нашите компании има најголем број доктори на наука, магистри, инженери, економисти, правници, научни работници и слично. Во потесна смисла, во апаратот на Комората на толку мал број луѓе 50тина, има таква концентрација на добар кадар што процентуално е во врвот на нашата држава. Јас во овие 17 години не ја сменив зградата, го сменив кадарот, луѓето во неа и така ја создадов Комората на иднината. Најмногу се гордеам со институциите што сум ги изградил од нула, а денеска имаат признато место во бизнисот како што се ГС1 Македонија, организација за доделување и управување со бар кодовите за нумерирање на артикли, Македонското кредитно биро, Советот за странски инвестиции, Македонската енергетска асоцијација, Комората на сегашноста која функционира веќе 17 години, Комората на иднината, регионалната бизнис асоцијација во Западен Балкан – Коморскиот инвестиционен форум и многу други проекти кои се во тек“, вели Азески

Преку ставањето во функција на четири нови Совети за развој на високото образование и за истражувања, за  унапредување на индустриското производство и извозот, унапредување на квалитетот на тренингот и обуките и за напредни технологии при Стопанската комора на Северна Македонија, одговоривме на барањето на компаниите во Комората да препознаат силен партнер. Тие четири треба да изградат нови институции, институтот за извоз, школа за бизнис лидери, клуб на извозници, клуб на старт ап компании, модули за поддршка на мали и средни претпријатија, берза на труд, преквалификации, вмрежувања, едукација, како и организирање на меѓународни конференции, кои ги имплементираат современите трендови и практики на дејствување, во брзо и динамично општество..

Многу повеќе ќе прочитате во интервјуто во печатеното издание на „Економија и Бизнис“ …

„Економија и Бизнис“ азески ДЕЛ ОД ИНТЕРВЈУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.