Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со помош од ЕУ вредна 22 милиони евра, во МВР е воспоставен напреден полициски комуникациски систем

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 7, 2022 13:57

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во Клубот на пратеници во Скопје го означија завршувањето на воспоставувањето и подготовката на системот за радио комуникација ТЕТРА развиен со значителна помош од ЕУ.

ТЕТРА е еден од светски применети стандарди во комуникациските системи, наменет за употреба од страна на полицијата, противпожарните служби, службите за итна медицинска помош и разните спасувачки служби.

– По петнаесет години имплементација и инвестиција од 22 милиони евра во опрема и вештини, Министерството за внатрешни работи сега може да работи со напредни комуникациски алатки, стои во денешното соопштение од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Од 2005 година, ЕУ обезбедувала континуирана поддршка за МВР за подготовка и развој на дигиталниот мобилен радиокомуникациски систем (ТЕТРА). Помошта од ЕУ за развој на ТЕТРА се одвивала во четири фази во период од 15 години, обезбедена во рамки на програмата за интегрирано гранично управување во Северна Македонија.

– Поддршката од 22 милиони евра од ЕУ овозможи воспоставување на 106 базни станици кои обезбедуваат 93 проценти географска покриеност на територијата на земјата. Во исто време, овие базни станици ќе опслужуваат 10. 000 терминали кои ги користат и други институции. Сега, по целосно воспоставување на ТЕТРА, полицијата може поефективно да ја врши својата работа и да обезбеди подобра заштита на граѓаните и полицискиот персонал додека се бори против криминалот или спречува нелегални гранични активности. Со овој систем Северна Македонија останува поврзана со остатокот од Европа во борбата со нелегалните активности долж главните европски коридори и канали, се појаснува во соопштението.

Дополнително, како што стои во соопштението, ТЕТРА ќе стане еден од најважните комуникациски канали на унифицираниот систем за Европски број за итни случаи Е-112, кој треба да биде пуштен во употреба за неколку дена.

Дејвид Гир ЕУ Оливер Спасовски ТЕТРА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.