Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Германија е наш пријател и поддржувач во политиките насочени кон унапредување на работничките права, социјалната заштита и родовата еднаквост

0
By НОВА ТВ Balaban on February 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 10, 2022 12:34

Тренчевска: Германија е наш пријател и поддржувач во политиките насочени кон  унапредување на работничките права, социјалната заштита и родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска оствари средба со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и заменик амбасадорот и раководител на економскиот сектор во германската амбасада, Ото Граф.

На средбата се разговараше за областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а во кои има тесна соработка со Република Германија, како што се работните односи, социјалната заштита, родовата еднаквост, заштитата од дискриминација и превенција и заштита од трговија со луѓе.

Министерката Тренчевска потенцираше дека унапредувањето на работничките права, статусот на работниците и, воопшто, подигнувањето на животниот стандард на граѓаните е приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока таа информираше дека денеска измените на Законот за минимална плата ќе бидат претставени пред пратениците во Собранието на Северна Македонија.

„Низ социјален дијалог, се донесе најодржливото решение за утврдување на минималната плата. Заедно со социјалните партнери преку отворена дискусија, дојдовме до решение кое одговара на сите засегнати страни. Минимална плата од 18.000 денари и измена во критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот. Притоа, таа нема да биде пониска од 57 % од  просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година,“ рече Тренчевска.

Министерката рече и дека Владата обезбедува финансиска поддршка за работодавачите во делот на придонесите на нето зголемената минимална плата.

Германскиот заменик амбасадор Граф рече дека од страна на германските инвеститори во државата ова решение има голема поддршка, како и дека тие се стремат кон достигнување на европски плати и за работниците во Северна Македонија.

Од страна на германската амбасадорка беше посочено дека постоењето на социјален дијалог во општеството е од особено значење, но и чувството на граѓаните дека се дел од него, преку мерки и политики кои се во нивни интерес.

На средбата стана збор и за законското решение недела -ден на неделен одмор, во смисла на исклучоците и неопходноста на одредени дејности да работат во недела, кои законот ги предвидува, а согласно тоа работниците да добијат надомест за работа во недела и слободен ден, во текот на следните седум дена.

Соговорниците ја потврдија одличната соработка на Министерството со Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, на полето на социјалното претприемништво, формализација на сезонската, неформална работа, трговија со луѓе, како и антидискриминацијата и политиките за родова еднаквост.

Министерката рече дека Законот за заштита од дискриминација има големо значење и во однос на усогласување на нашето со европското законодавство, но и за нашите граѓани, потоа Законот против насилство на жените и заштита од друг вид на насилство и новиот предлог Закон за родова еднаквост, кој е во финална фаза, се актуелните Закони за кои Министерството одговорно застана.

Соговорниците изразија подготвеност на продолжување на добрата соработка и негување на добрите пријателски односи и во иднина.

Анке Холштајн Јованка Тренчевска Ото Граф поддржувач политиките
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.