НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој ја исклучи струјата во главниот град, открива командантот на скопските пожарникари

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целосно е изгаснат пожарот што доцна попладнето избувна на стрништетот спроти трафостаницата во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поголемиот дел од Скопје остана без струја.

Звонко Тоневски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, изјави дека дојавата за пожарот била добиена во 17:45 часот. Веднаш е испратена една екипа од центар Драчево со две возила, а поради сериозноста на самиот објект-трафостаница, испратена е дополнителна помош од центар Автокоманда.

– На самото место видовме дека не станува збор за пожар во трафостаницата, туку надвор од него. Поради искра на далноводот во непосредна близина беше опожарена површина од сува трева.
Веднаш е побарано да биде исклучено напојувањето од далноводите и е пристапено кон гасење. За кратко време пожарот беше локализиран. Останатиот дел од интервенцијата беше превентивен заради повторното пуштање на далноводот, рече Тоневски.
Според информациите што ги добиле од екипите на АД МЕПСО, повторното пуштање поминало добро и се е во ред.
За можните причини за пожарот, Тоневски вели дека препоставките се оти може да е од неколкукратните прекини на електиричната енергија и испадите што ги имаше пред избувнувањето на огнот.
Не е исклучено исклучувањето и палењето на тревата да е од силното повлекување на струја од далновод.
– Можно е. Не знам дали е тоа од далноводот, затоа што имавме дојава за експлозија на далновод во индустрискта зона Бунарџик што можеби е поврзано едно со друго, изјави Тоневски
пожарникари Скопје струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.