Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Ромската заедница останува дел од приоритетите во програмата на Владата 2020-2024 и Министерството за труд и социјална политика

0
By НОВА ТВ Balaban on February 18, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 18, 2022 15:13

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со директорот на НВО Челим од Италија, регионалниот претставник на проектот и со Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, како имплементатори на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница“, како дел од ИПА II Акциска програма 2017, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Министерката  посочи дека Министерството за труд и социјална политика посветено работи на креирање на политики и активности кои што треба да бидат одговор на предизвиците на најранливите категории на граѓани. Во таа насока е и проектот кој има за цел подобрување на условите за домување на ромската заедница.

„Поддршката за ранливите категории на граѓани, вклучително и ромската заедница е дел и од Програмата за работа на Владата на РСМ 2022-2024 година, каде се наведени заложбите за поголема интеграција на Ромите во сите аспекти на општеството, образованието, вработувањето, здравството, културата, унапредување на нивниот граѓански статус и домувањето. На 15 февруари Владата ја усвои и Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 -2030 како дел од јавните политики на државата и има долгорочни придобивки за ромската заедница,“ истакна министерката Тренчевска.

Стратегијата е подготвена во согласност со Стратешката рамка на ЕУ за интеграција на Ромите за периодот 2021-2030 година, која промовира еднаквост и социо-економска вклученост на ромската популација на ниво на Европската Унија.

Имплементаторите на овој проект информираа за досегашните активности спроведени во Општина Виница, при што беа реновирани 22 куќи, асфалтирање на улици, поставување на улично осветлување, контејнери за отпад и легализација на домовите и нивни упис во ДУП-от на општината. Со активностите беше опфатена ромска заедница од Општина Виница. Вакви активности се започнати и во Општина Прилеп.

Соговорниците изразија уверување за продолжување на соработката, со цел унапредување на статусот и животниот стандард на ромската заедница во Северна Македонија .

директорот Италија Јованка Тренчевска НВО Челим Ромскиот Ресурсен Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.