НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи на работни средби во рамки на Минхенската конференција

0
By Biljana on February 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска, во рамките на 58-та Минхенска безбедносна конференција се сретнa со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Вопке Хоекстра.

Ова е воедно прва средба на двајцата министри, по неодамнешното назначување на Хоекстра на оваа функција. На состнокот беа разменети мислења за европското досие на земјата, билатералните односи, а стана збор и за актуелните безбедносни предизвици.

„Како сојузници во НАТО ние ги споделуваме истите вредности и Холандија е наш важен партнер. Постигнавме силни билатерални врски, а Холандија стана наш посветен поддржувач во нашите напори за интеграција во ЕУ. Силно ја цениме холандската поддршка во овој процес особено во областите на зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото со акцент на потребата од континуирано и посветено спроведување на стандардите и реформските цели на ЕУ“, истакна Османи.

Министерот во Минхен се сретнал и со министерката за надворешни работи на Исланд, Тордис Колбрун Рејкфорд Гилфадотир, која исто така, пред само неколку месеци, беше избрана на оваа позиција. Министрите се осврнаале развојот на билатералните врски, но посебен фокус бил ставен на ситуацијата во и околу Украина, како закана за европската и меѓународната безбедност и за активностите на двете земји како сојузници во НАТО.

Соработката во рамките на ОБСЕ со посебен фокус на овогодинешното претседавање на Северна Македонија со Групата на медитерански партнери за соработка биле дел од разговорите меѓу Османи и заменик премиерот и министер за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади. Станало збор и за зајакнување на билатералните односи, особено во областа на економската и бизнис соработката.

Османи во текот на денот ќе се сретне и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел со цел размена на мислења во врска со европската перспектива на земјата.

Исто така, министерот Османи, ќе има и свое излагање на специјален настан организиран од сојузната министерка на Германија, Аналена Баербок, поветена на земјите од Западен Балкан, на која се очекува да присуствуваат повеќете министри за надворешни на овој регион.

Посетата на Минхен, Османи ќе ја искористи и да го посети Генералниот конзулат на Северна Македонија, каде што ќе има можност да се сретне со претставници од нашата дијаспора и на некои од нив да им врачи патни исправи, издадени од базната станица која е поставена во овој конзулат.

Бујар Османи Минхенската безбедносна конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.