Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Литванија побара посилна одбрана од НАТО: Не можеме да платиме нафта и гас со крвта на Украина

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2022 14:42

САД имаат „света“ обврска според членот 5 од НАТО, кој гарантира заемна одбрана меѓу земјите-членки, изјави денеска во Литванија американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Неговиот литвански колега Габриелиус Ландсбергис повика на посилна одбрана на НАТО на балтичкиот регион и бара ембарго за продажба на руска енергија.

„Енергенсите што ги увезуваме ја плаќаат воената операција на Русија. Не можеме да платиме нафта и гас со крвта на Украина“, рече Ландсбергис на прес-конференција со Блинкен.

Повторувајќи ја решеноста на САД да ја бранат секоја педа од територијата на НАТО, тој нагласи дека Алијансата постојано ја разгледува својата одбранбена позиција, вклучително и дополнителното трајно распоредување сили што го бараат балтичките земји.

– Никој не треба да се сомнева во нашата подготвеност, никој не треба да се сомнева во нашата одлучност, рече Блинкен на прес-конференција.

Тој додаде дека Москва сака да ја поткопа демократијата во Литванија и дека работи на поларизација на населението со кибер напади и кампањи за дезинформација.

– Тоа е затоа што слободното, отворено, енергично и прогресивно општество што народот на Литванија го создаде по падот на советската окупација покажува дека тоа е можно кога луѓето го избираат патот на демократијата наместо автократијата, нагласи тој.

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда го предупреди Блинкен дека неуспехот да се запре руската агресија врз Украина може да резултира со глобален конфликт.

Наузеда рече дека Владимир Путин „нема да застане во Украина“ и дека светот има обврска да им помогне на Украинците „со сите можни средства“.

„Навистина мислам со сите средства, ако сакаме да ја избегнеме Третата светска војна. Изборот зависи од нас“, рече Наузеда.

Блинкен ќе ги посети денеска и утре и Летонија и Естонија

Ентони Блинкен НАТО Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.