Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ќе ги разгледува кандидатурите за членство на Украина, Молдавија и Грузија

0
By Biljana on March 7, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2022 16:39

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ попладнево постигнаа договор по барањата на овие три земји да поднесат апликација за членство во ЕУ, а сега Комисијата е на потег.

Како што информираа од француската делегација, која претседава со Советот на ЕУ до крајот на јуни, амбасадорите на 27-те земји членки попладнево дадоа зелено светло Европската комисија да ги разгледа кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија.

Европската комисија сега има задача да анализира и да објави мислење за евентуалното членство на овие три земји во Европската Унија. До сега Украина, Молдавија и Грузија не беа дел од процесот на проширување, за разлика од Западен Балкан. Со оваа одлука се отвора можност да се промени оваа состојба.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска најави дека лидерите на ЕУ во следните неколку дена ќе разговараат за апликацијата на Украина за членство во ЕУ.

„Во наредните денови ќе разговараме за апликацијата на Украина за членство во ЕУ“, напиша Мишел на Твитер.

Следна можност да се разговара за ова прашање е неформалниот самит што ќе се одржи во четврток и петок во Версај.

Засега од Европската комисија нема одговор на прашањето дали има рок кога ќе се објави мислењето за кандидатурата на трите источни земји.

Украина е земја во војна, а Молдавија и Грузија се составени од сепаратистички територии, што несомнено ќе го усложни процесот на пристапување кон ЕУ.

Некои земји членки, пред сѐ источноевропските, бараат брза процедура на членство за Украина, но и Грузија и Молдавија, како одговор кон воените дејствија на рускиот претседател, но околу ова нема консензус во ЕУ, каде проширувањето останува чувствителна политика.

За брза процедура на зачленување, дипломатите објаснуваат дека тоа би морало да биде одлучено на ниво на шефови на држави и влади на ЕУ.

Инаку, француското претседателство со Советот на ЕУ го планираше состанокот првенствено да разговара за европскиот модел на раст и инвестиции до 2030 година, но руската инвазија на Украина, кандидатурата за членство на Украина и безбедносната ситуација во Европа најверојатно ќе ја засенат првично планираната тема.

Извор: МИА

Грузија ЕУ Молдавија Украина членство во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.