Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реконструирана Полициската станица – Карпош

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 13:25

Објектот на ЕВР Карпош доби нов лик.

Обновена е старата дотраена кровна конструкција, како и санитарната, водоводната, канализациската и електрична инсталација. Санирана е топлотната инсталација, заедно со извршени надворешни и внатрешни столарски и молерофарбарски активности и надворешно фасадирање на објектот, за што биле издвоени 21 милион денари.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека инфраструктурата на која било институција, пред сè во поглед на нејзината материјална и техничка опременост, стандардизираноста и човечки ресурси е суштински предуслов за нејзино ефикасно и квалитетно работење.

„Годинава продолжуваме со градежно-реконструктивни активности и на други објекти за кои е проценето дека е неопходно тие да бидат санирани, како што е Центарот за обука во Идризово, Одделот за граѓански работи во Македонската радио-телевизија, нова Полициска станица во Аеродром, при СВР Скопје. Остануваме целосно посветени на нашите зацртани плански активности за севкупно подобрување на стандардите за работа и функционирање на сите организациски единици при МВР“, рече Спасовски.

Во рамките на овие активности, министерот за внатрешни работи соопшти дека од почетокот на неговиот мандат досега реконструирани или санирани биле над 70 полициски објекти.

Прашан дали има пријавени Албанци на огласот за прием на обука во Специјалната единица Тигри, министерот информираше дека согласно известувањето од службите, пријавени има од сите националности. Тој додаде дека секој еден кандидат кој ќе ги исполни сите критериуми и стандарди и ќе биде посветен на својата работа, согласно Правилникот пропишан за оваа единица за него ќе претставува голема чест да биде дел од Тигрите.

(Извор: МИА)

мвр. оливер спасовски Полициска станица Карпош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.