Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската унија усвои агенда против последиците од војната во Украина

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: ndtv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 11, 2022 17:36

Лидерите на земјите членки на ЕУ, собрани во замокот во Версај, усвоија заедничка агенда, за преземње конкретни мерки за справување со последиците од војната во Украина. Во однос на енергетиката, ЕУ ќе дефинира „акционен план“ за излез од „руската енергетска зависност“ до 2027 година, јави дописникот на МИА.

– Но, овие независни избори имаат цена. Ние мериме колку нашата храна, нашата одбрана се предмет на суверенитет. Сакаме да ги избираме нашите партнери и да не зависиме од нив, нагласи домаќинот на самитот Емануел Макрон.

Во однос на одбраната, станува збор за „дефинирање на инвестициите што ни се потребни“. „До мај“ ќе биде претставена европската одбранбена стратегија. Европската унија ќе ги „консолидира своите одбранбени сектори“, додаде францускиот претседател.

„Ние, исто така, мора да го направиме нашиот дел и да имаме храброст да носиме историски одлуки, се заложи Емануел Макрон, според кој  „храброста да се прифати фактот дека одбраната на нашата демократија има цена“

-Ние излегуваме од овие дискусии со свесност на Европејците дека сакаат да се движат во оваа насока. Сите се согласивме дека единствениот начин да се зачува мирот на нашиот континент е преку единство, заклучи Емануел Макрон.

Покрај економските мерки, Европската унија вети дека ќе „продолжи дипломатски да ја изолира Русија“.

-Ќе ги преземеме неопходните мерки за да ја запреме Русија на нејзиниот пат на агресија, рече тој.

Соочен со барањето за поголема вклученост на Европската унија, формулирано од украинскиот претседател, Емануел Макрон одговори дека „разбира дека кога се бориме како Украина, сакаме многу повеќе, но не, не сме во војна со Русија“.

-Нашите патишта се јасни за Украина, нашата желба да ја поддржиме Украина е јасна, рече тој. Тоа го демонстриравме и подготвени сме да преземеме дополнителни санкции, ништо не е забрането“, продолжи тој, оставајќи ја вратата отворена за ембарго на рускиот гас и нафта, без да најави никакви конкретни мерки.

-Знаеме дека ако ова се влоши, ќе мора да преземеме огромни санкции, ништо не е табу, ќе ги преземеме неопходните мерки за да ја запреме Русија на нејзиниот пат на агресија против Украина, заклучи Емануел Макрон.

ЕУ Макрон Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.