НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малата Викторија по 74 дена минати на интензивна нега си замина дома

0
By Biljana on March 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ЈЗУ УГАК/Фејсбук
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, предвремено роденото бебе Викторија си замина дома.

Убавата вест преку Фејсбук ја споделија од Клиниката.

Мајката била прворотка, а на ЈЗУ УГАК била хоспитализирана пред Нова Година, во ризична бременост. Се породила спонтано, во 26 гестациска недела од бременоста на 4 јануари. Викторија се родила со екстремно мала тежина од само 700 грама, со должина од 28 сантиметри.

„Во периодот на престој на нашите одделенија, новороденото имаше комплексен третман. Во интензивниот третман применета е механичка вентилациона поддршка во првите 21 ден од раѓањето. Потоа новороденото беше ставено на кислородна поддршка со неагресивна механичка вентилација до 67-от постнатален ден, со постојан мониторинг на виталните функции и кислородна заситеност со пилсоксиметрија и гасни анализи. На бебето му се направени сите скрининзи кои се пропишани во Националната програма на Министерството за здравство и го испративме од ГАК со прецизни поуки за контрола и за следење на растот и на развојот“, стои во објавата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

На 18 март бебето било испишано од болница со 2200 грама телесна тежина.

„Нашата најмала хероина во 2022 година првпат влезе во својот дом во Скопје изминатиот петок, по 2,5 месеци поминати на неонатолошките интензивни одделенија на Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје. Тимот од педијатри, медицински сестри и акушерски секојдневно ја следеа нејзината здравствена состојба и заедно со новороденото ги добија сите предизвици кои се испречуваа пред нив“, стои во нивниот пост.

ГАК-Скопје предвремено родено бебе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.