Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ам-Чам“ на Северна Македонија и Грција првпат на средба во Скопје

0
By Соња Крамарска on March 21, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 21, 2022 16:16

Мешовитите бизнис комори на Северна Македонија и САД и Грција и САД познати како „ам-чам“ денеска за првпат имаа заедничка средба на која домаќин беше Скопје.

Бизнисмени од двете страни на границата, заедно со претставници на американската амбасада во земјава неколку часа дискутираа за бизнис можностите кои ќе ги унапредат економските можности меѓу нашата земја и Грција, и ќе придонесат кон економски напредок на регионот.

„Овој настан денеска на кој зборуваме за можностите за инвестирање во нашата земја како и начините на кои можеме да ја унапредиме и продлабочиме економската соработка меѓу Северна Македонија и Грција, е пример што може да се направи со отворен и искрен дијалог а тоа е напредок и услови за просперитет на сите вклучени страни“, вели заменик – премиерот Фатмир Битиќи.

Тој потенцира дека оваа средба е дотолку повеќе важна во услови на опасност од ширење на конфликтот и потребата нашата држава да ја избегне зависноста од руски гас како наш единствен извор. „Минатиот понеделник ги потпишавме двата од четири договори за диверзификација на нашето снабдување со енергенси а со тоа практично и учество на нашата земја во проектот Александропулос во Грција. Сметам дека тоа е значаен проект кој што кажува колку е битна регионалната соработка и колку е битна диверзификацијата на енергенсите особено во период кога се наоѓаме пред закана за војна во Европа“, нагласи Битиќи.

 

На средбата инаку присуствуваа триесетина компании од двете страни на границата, што од страна на учесниците се посочува како одлична можност за испитување на пулсот за економска соработка. „Грчките компании ќе ги добијат сите детали за можностите за инвестирање кои ги нуди нашата земја преку различните програми за државна помош кои ги нудиме како и преку законот за стратешки инвестиции“, изјави вицепремиерот посочувајќи дека националната економија на Северна Македонија е стабилна и со тренд на пораст што е позитивен сигнал за странските инвеститори.

„Нашата држава е посветена на партнерства и градење на мостови за соработка кои ќе носат инвестиции со висока додадена вредност, кои ќе креираат стабилен и предвидлив раст на нашата економија што за нашите граѓани ќе значи стандард и висок квалитет на живот“, подвлече Битиќи.

 

За денешниот настан да се оствари напори имало од американската амбасада во земјава, која како што нагласи амбасадорката Кејт Мари Брнз, подолго време работела на спојување на двете комори. „Многу сум задоволна, вели таа, што по неколку години залагање можеме конечно да кажеме добредојде овде за делегација од Грција и да зборуваме за неверојатните заеднички можности кои му претстојат на регионот. Пред пет или шест години ваков настан беше незамислив, но еве не денеска овде зборувајќи за тоа како да напредуваме заедно. Три држави работат заедно да создадат бизнис можности не само за луѓето на Северна Македонија и Грција туку и пошироко за Западен Балкан, како и да покажат што можат да направат демократијата и слободниот пазар кога ќе функционираат и соработуваат заедно“, изјави таа.

Задоволството од инаугурацијата на тој тип соработка е присутно и на грчка страна. Беше речено дека настанот е прилика за градење мостови меѓу двете земји и меѓу двете американски стопански комори, при што беше нагласено задоволството што после долготрајни напори се реализира средбата.

Ам-чам во Македонија постои веќе 22 години и ова е прва бизнис и трговска мисија од таков вид, меѓутоа како што е нагласено од македонска страна, нема да биде и последна, бидејќи контактите ќе продолжат во насока на градење нови трговски релации меѓу Северна Македонија и Грција. (Р.Н.)

 

Ам Чам Грција Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.