НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Странски туристи ги откажуваат аранжманите за летување во Македонија

0
By Biljana on March 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

10.000 легла за украински бегалци биле понудени до Владата само од стопанствениците во охридско-струшкиот регион. 

Полски тур оператори ги откажале аранжманите за летување во Македонија, а холандски туристи го одложиле доаѓањето во земајва за еден месец, открива за НоваТВ, претседателот на Здружението на хотелиерски и угостителски бизниси ХОТАМ, Крсте Блажески. Тој вели дека споредбено со годините пред пандемијата, за најмалку 50 отсто се намалени посетите на странски гости во Охридско-струшкиот регион.

Блажески очекува уште една тешка година за македонскиот туризам.

„Странските гости нема да ги имаме во толкав број само поради ситуацијата во Украина. Веќе имаме намалување на бројот на туристи од Полска, а гостите од Холандија кои требаше да ги почнат аранжманите на 1 мај, ги откажаа за во јуни. За други странски гости и кружни тури, евентуално една тура може да има од Турција, но генерално ќе биде тешка година“, вели Блажески во разговор за НоваТВ.

Според него, бројот на домашни и регионални туристи ќе се намали и поради економската криза, растот на цените и инфлацијата.

„Со растот на цените се намалува куповната моќ на граѓаните, а тоа пак ја  намалува и можноста за уплата на аранжмани во хотелите. Економската криза покажува дека секојдневно се соочуваме со поскапувања на разни производи и едноставно не остануваат средства за одмори. Туристите, посебно од државите на Балканот, ќе се свртат кон малку поефтини одмори, пред се во приватно сместување“, вели Блажески.

Хотелиерите не кријат дека цените за хотелско сместување годинава ќе се покачат за најмалку 20 проценти. Новите пресметки, велат, ќе се должат на зголемените цени за електрична енергија, покачувањето на нафтата и зголемувањето на цените на прехранбените производи, кои секако влијаат на трошоците кои на крајот на денот ги имаат хотелиерите.

„Со договорите кои ги имаме, во последната година цената на енергијата е поскапена од 50 па дури до 100 проценти. Основните продукти за прехрана се исто така поскапени за 50-тина отсто, платите за вработените се веќе покачени, па сето ова ќе предизвика и раст на цената за хотелско сместување најмалку за 20 до 30 проценти и не само кај нас, ваквата практика ќе биде секаде иста“, вели Блажески.

Дејноста е на колена, тврди Блажески и додава дека во вкупно 30 месеци во корона пандемија, секторот туризам во Северна Македонија имал едвај шест до седум работни месеци. Најголемиот дел од времето капацитетите беа затворени или работеа под строги рестрикции. За помош од државата не се надеваат.

„Доставивме барање до Владата, за финансиска помош уште пред Нова година, но до сега имаме добиено само одговор дека нашето барање се разгледува. Значи за 20 месеци ние имавме само трошоци. Помошта што ја добивме од државата, во вид на некои антиковид мерки, на дел од хотелиерите им беше побарана назад со образложение дека не инвестирале во дејноста“, додава Блажески и вели оти после уште една економски тешка година во најмала рака ќе има отпуштање на работници во туристичката дејност.

ХОТАМ веќе доставиле до Владата и листа на достапни објекти за прием на бегалци од Украина во охридско-струшкиот регион. На располагање се 30 отсто од капацитетите или близу 3000 хотелски соби со 5000 до 6000 легла. Заедно со приватните сместувачки капацитети понудиле сместување за подолг престој за околу 10.000 украински бегалци.

(Б.Божиновска)

сместувачки капацитети туризам хотам Хотелиери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.