Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јолевски бара Советот на обвинители самостојно да разрешува обвинители

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 28, 2022 14:15

Претседателот на Советот на Јавни обвинители Антонио Јолевски вели дека во неколку наврати досега барал ова тело да има поголеми надлежности во врска со санкционирањето на обвинителите кои се огрешиле во својата работа ,откако неодамна двајца обвинители се суспендирани, а други двајца ќе добиваат помала плата во наредните четири месеци.

Станува збор за обвинители од Скопје, Тетово, Битола и Ресен, а во тек е и постапка против обвинител од Охрид.

Јолевски за Нова ТВ вели дека за ова прашање неодамна разговарал и со министерот за правда Никола Тупанчевски затоа што очигледно треба да се внесат измени во законот, со кои Советот на обвинители би имал самостојност во одлучувањето кога станува збор за сомнежи или за констатирано несовесно работење на обвинителите, по примерот на Судскиот совет кој има ингеренции да решава за работењето на судиите. Советот на обвинителите, како што објаснува Јолевски, утврдува престанок на функцијата јавен обвинител и одлучува, но во втор степен во постапката за утврдување на дисциплинската одговорност на јавните обвинители.

– Советот се залага сите јавни обвинители кои го прекршиле законот да бидат разрешени, односно против нив да се поведе постапка. Според законот  дисциплинската постапка ја води Основното јавно обвинителство, тоа е првиот чекор. Потоа, ако членовите на таа комисија утврдат дека треба да се преземе дисциплинска мерка или разрешување тој предлог го поднесуваат до Советот, но ние не можеме да постапуваме самостојно, вели Јолевски.

Обвинителството (ОЈО) во текот на дисциплинската постапка не открива повеќе детали за обвинителите за кои има преставки, освен што информира дека државниот јавен обвинител донел решение за оддалечување од функцијата на скопски јавен обвинител, додека трае дисциплинската постапка против него, поради основано сомнение дека сторил тешка дисциплинска повреда од член 91 став 1 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство.

„Фокус“, неофицијално објави дека станува збор за скопскиот обвинител Миле Арсениевски, кој наводно не постапувал по предмети кои се однесувале на сообраќајки, а според  Обвинителството, скопскиот обвинител во дел од предметите кои му се доделени не ги презел неопходните дејствија согласно Законот за кривична постапка поради што настанало пролонгирање на постапката или застареност на кривичното гонење.

Обвинителството исто така  донесе решение за оддалечување од функцијата на тетовската обвинителка Лејла Кадриу, но оттаму не откриваат кои се причините за тоа се додека дисциплинската комисија и Советот на јавни обвинители не донесе одлука.

С.М.

 

 

казнети обвинителства обвинителство суспендирани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.