Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија не стравува од заканите за стопирање на рускиот гас – Бектеши тврди има алтернативни решенија

0
By Biljana on April 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 1, 2022 14:38

Снабдувањето со природен гас во Македонија е обезбедено до 15 април, тврди министерот за економија Крешник Бектеши.

По најавите на Русија дека ќе ја стопира испораката на гас за оние земји кои нема да ја платат сметката во рубља, Бектеши вели оти кај нас нема таква насока од Европската Централна банка имајќи предвид дека на нашата курсна листа рубљата ја нема како валута и не можат да се направат такви трансакции.

„Мерките за снабдување со енергенси се донесени навремено,  подготвени сме за секоја можна опција која може да се случи и во делот на електричната енергија и во делот на топлинската енергија не би имале никаков проблем со можна таква одлука на Руската Федерација. Нашиот гасовод оди преку Република Бугарија, во случај да се донесе одлука за стопирање на рускиот гас, сите други алтернативни решенија со кои ќе се снабдува Бугарија, како членка на ЕУ, ќе можеме и ние да ги користиме“, вели министерот.

Осврнувајќи се на петмесечната енергетска и топлинска криза, Бектеши рече дека Владата во соработка со АД ЕСМ успеа да се справи со ценовниот шок наметнат од порастот на цените.

„Успеавме да обезбедиме минимален раст на цената на струјата и парното, а во време кога сите земји во регионот имаат рестрикции на струја, обезбедивме непречено снабдување со електрична енергија за сите домаќинства и мали потрошувачи“, рече министерот за економија Крешник Бектеши и додаде дека 171 милион евра биле префрлени на сметката на „Електрани Македонија“ за набавување на потребните количини на гас, мазут и јаглен.

„Со брзата и навремена реакција, цената на струјата за домаќинствата се зголеми за минимални 9,4 отсто“, рече министерот.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во однос на сработеното во изминатите пет месеци истакна дека  најмногу пари – околу 72 милиони евра биле исплатени на „ТЕ-ТО“.

„Од оваа сума, 65,9 милиони евра се исплатени за откупената електрична енергија од 300 гигаватчасови, додека 5,87 милиони евра се платени за гас, односно за топлинска енергија за парно-греење. За набавената електрична енергија од странство заради покривање на загубите се исплатени 34,43 милиони евра од 127 гигаватчасови. На операторот МЕПСО за повлечена енергија му се префрлени 12 милиони евра. За набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, термоцентралата која беше стартувана по долги години пауза, се платени 31,72 милиони евра во текот на грејната сезона за 53 илјади тони“, рече Ковачевски и додаде дека со нивното работење биле заштедени околу 30 милиони евра.

Ковачевски најави дека денеска ги завршуваат договорите со ТЕЦ Неготино и АД ТЕ-ТО.

Планот на компанијата за ископ на јаглен за тековната година се 5 милиони тони јаглен за производство на струја за РЕК Битола и помеѓу 150 и 200 илјади тони јаглен за ТЕЦ Осломеј.

(Б.Б.)

АД ЕСМ Еенергетска криза електрична енергија Крешник Бектеши природен гас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

ВЕСТИ May 17, 2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција го објави Фронтот за вистина и…

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.