Рамо до рамо со најголемите ѕвезди, по црвениот килим на Берлинскиот филмски фестивал имаат шанса да прошетаат и младите талентирани актери и режисери од Европа, во програмата наречена “Shooting stars“.
Таму, младите таленти, внимателно избрани од селекторите на Берлинале, ги учат тајните на занаетот од врвните професионалци, но и се вмрежуваат и прават контакти. Иако млади, тие знаат – талентот веќе не е доволен.