Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ подготвува изградба на четири сончеви електрани во РЕК Битола со моќност од 280 мегавати

0
By Соња Крамарска on April 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 11, 2022 15:28

Акционерското друштво ЕСМ подготвува изградба на четири фотонапонски електрани во РЕК Битола со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати.

Првата електрана од 20 мегавати ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната, и за истата во тек е изработка на концептуален проект од страна на консултантот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Потоа ќе следува изработка на техничка спецификација и тендерска документација за избор на изведувач, се вели во соопштението од компанијата.

Втората фотонапонска електрана од 60 мегавати ќе биде изградена на тлото на исцрпените наоѓалишта на јаглен во рудникот Суводол. Во тек е тендерирање за избор на најповолен консултант за изработка на фисибилити студија и студија за животна средина, а потоа ќе се имплементира проектот со најсоодветниот модел за финансирање. Средствата за изработка на студиите се од грант, обезбеден од KfW Банка.

Третата сончева електрана од 100 мегавати ќе биде изградена исто така во рудникот Суводол, додека четвртата од 100 мегавати ќе биде лоцирана во рудникот Брод- Неготино.

Во тек се подготовки за изградба и на гасна електрана во РЕК Битола, со почетна инсталирана моќност од 250 мегавати, која ќе обезбедува и електрична енергија, но и топлинска енергија за Топловодот за Новаци, Могила и Битола, кој се гради во моментов.

Сите наведени проекти ја претставуваат енергетската транзиција на РЕК Битола и се инвестиции кои во следната декада треба да го заменат производството на електрична енергија, додаваат од акционерското друштво.

ЕСМ РЕК Битола сончеви електрани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.