Советот на Општина Крушево на последната седница одлучи да продаде три постари возила, едно патничко, едно товарно возило и камион, со цел заштеда на дополнителни средства во буџетот.
Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, одржувањето на овие возила е скапо, а Општината може да функционира и без нив. Тој напомена дека можеби не се големи суми, но ставот да се заштеди е многу битен.
-Со оваа одлука ќе заштедиме дополнителни средства во буџетот на општината. Не се работи за големи суми, но сепак, во време на криза, дополнително се насочуваме кон штедење, вели Христоски, додавајќи дека средствата ќе се насочат каде што се најпотребни.