Според Обединетите нации, Русија и Украина обезбедуваат околу 30 отсто од пченицата и јачменот што се консумираат на глобално ниво.
Русија е исто така еден од најголемите светски производители на ѓубрива. Ако војната се одолговлекува, економистите предупредуваат дека трошоците за ѓубрива може да спречат некои земјоделци да ги прошират своите посеви за да го надополнат недостигот од снабдување.
На бојното поле во Украина, земјоделците се борат да садат земјоделски култури, а украинските извозни пристаништа остануваат блокирани од руски воени бродови.
Додека Обединетите нации прогнозираат дека зголемувањето на цените на житото и растителното масло може да влијае на земјите на глобално ниво, постои особена загриженост за неколку земји во Африка, земји кои се силно зависни од рускиот и украинскиот увоз за нивната безбедност на храната.
„Војната започнува во едно од најлошите времиња“, изјави за Си-Ен-Ен Вандил Сихлобо, главен економист во Земјоделската бизнис комора на Јужна Африка.(Си-Ен-Ен)