Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Семејството и пријателите протестираат против ниската казна за прегазувањето на Викторија

0
By Biljana on April 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 15, 2022 10:40

„Палата на неправда“, „три години за убиство на пешаци и три години за 150 ќебапчиња“, „ усмрти, признај, биди слободен“ се дел од пораките кои неколку десетици луѓе ги посветија на протестот „Правда за Викторија“ кој денес се одржа пред Кривичниот суд во Скопје.

Сестрата на Викторија, Лилјана Николова порача дека денеска бараат „повторно и повторно правда“, за неправедната пресуда и за целата неправда, која, како што кажа, „ни беше нанесена и сè уште ни се нанесува“.

-Овој протест е уште еден кренат глас до ова судство, до оваа неправдина која не боли до коска и оваа пресуда од судијката Љубинка Бошевска. Како да не сме луѓе, како да нè нема, како да се кријат во нивните удобни фотелји, а трњата ние ги газиме, ние патиме, ние губиме и човек и правдина и надеж. Бараме правдина за нашата сестра, ќерка, девојка, другарка, бараме нова пресуда со реални очекувања, зошто нема да запреме овде. Доста беше оваа тортура и ова лудило, рече Николова.

Адвокатот Владимир Михајловиќ изјави дека пресудата од тригодишна казна е под законскиот минимум според кој се предвидени казни од  4 до 20 години за вакво кривично дело.

-Да се земе за олеснителна околност тоа што сторителот бил млад е смешно, очекуваме Апелацискиот суд да ја земе предвид казната која е предвидена со закон. Ова не е само неправда кон Викторија, ова е порака за сите, тие осум отсто доверба во судството по изрекувањето на пресудата станаа нула отсто. Како да се бориме за правдата на странките кога некој друг ја стопира, изјави бранителот на семејството Николови.

Организатор на протестот е Леонид Даов, момчето на Викторија Николова која загина во сообраќајна несреќа, а во која Даов беше повреден.

Протестот се организира по изрекувањето на пресудата за случајот, според која возачот Јордан Ѓоргиев кој ја усмрти Викторија беше осуден на три години затвор. Ваквата пресуда за семејството на Викторија и за Леонид е премала. Таткото на 24 годишната почината девојка пред судот рече дека е згрозен од државата и дека поради вакви пресуди никој нема доверба во ова судство.

бикторија Македонија правда протест сообраќајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.