Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди средна Италија.
Засега нема информации за жртви или голема материјална штета, јавуваат тамошните медиуми.
Потресот бил почувстуван од Рим па се до Неапол. Епицентарот бил во Фросинон, место на средина меѓу Рим и Неапол на длабочина од 10,7 километри.
Во регионот Абрузо веднаш се дигнале паника и луѓето повикувале брза помош.
На тоа подрачје во 2009 година имаше земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер кога загинаа 309 луѓе и кој предизвика голема штета во средновековниот град Акуили.
Утрово имаше земјотрес и во близина на грчкиот брег, односно на Средоземјето.
Силата на потресот бил 5,0 степени според Рихтеровата скала, се случил во 7 часот и 42 минути на 55 километри југозападно од Каламата на Пелопонез.