Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими на средби во Вашингтон – Светската банка нуди нова помош за општините

0
By Соња Крамарска on April 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 23, 2022 11:08

Во рамки на посетата на Вашингтон и средбите со светските финансиски институции, министерот за финансии Фатмир Бесими, како што соопшти денеска неговата прес служба, имал средби со извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, потпретседателката Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за земјава,  Масимилијано Паолучи.

Од страна на Светска банка, на средбата била покрената иницијатива за доделување нови средства во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), со цел институционално зајакнување на општините и за проекти за заштита на животната средина, на што македонската делегација одговорила позитивно.

Досега преку МСИП се добиени над 90 милиони евра за проекти на општините.

Светска банка во Северна Македонија активно работи на повеќе проекти проценети на близу 500 милиони американски долари. Нивната реализација и забрзувањето на динамиката на дел од нив, исто така, било тема на состанокот. Меѓу нив се Проектот за надградба и развој на патиштата, воспоставување на  Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии, поврзување на локални патишта, администрација за социјално осигурување, подобрување на основното образование, олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, како и проектот за одговор при итни случаи за Ковид 19.

Македонија има континуирана поддршка од Светска банка која е активна во земјава од 1993 година и досега има обезбедено подршка од над 2,8 милијарди американски долари во реализција на 65 проекти. (С.К.)

Вашингтон Светска банка Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.