НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петков сака Европа да побара од Македонија промена на Уставот а не Бугарија

0
By Соња Крамарска on April 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за бугарската телевизија Нова рече дека Бугарија треба да го помести ветото за Северна Македонија до моментот кога ќе се отвори првото поглавје од преговорите на нашата земја со ЕУ, а претходно двете земји да склучат договор кој ќе биде гарантиран од ЕУ и во кој ќе стои дека Бугарите во нашата земја ќе станат дел од Уставот.

„Мора да го поместиме ветото за почеток на преговори на Северна Македонија. Промената на Уставот треба да се случи пред првото од многуте поглавја што треба да се отворат“, рече Петков.

Тој потсети дека во 2020 година бугарската влада гласала во Советот на министри на ЕУ за Македонија да се движи по патот кон европското семејство. „Ние сме една од ретките земји што си дозволи да стави вето на евроинтеграцијата на Северна Македонија откако во 2020 дадовме зелено светло на Советот на министри на ЕУ. Долгорочната стратегија на Бугарија мора да биде Северна Македонија да биде дел од ЕУ“, изјави Петков на ТВ Нова.

Тој истакна дека за Бугарија се важни правата на Бугарите во Северна Македонија.

„Доколку во договорот се гарантираат правата на Бугарите и промената на Уставот, односно доколку промената на Уставот е дел од пакетот мерки кои ќе бидат вклучени во договорот со Северна Македонија, ова е веќе чекор напред“, рече премиерот.

Петков рече дека ветото кон Македонија треба да се помести за фазата кога ќе почнат да се отвораат поглавјата од преговорите меѓу нашата земја и ЕУ.

„Не треба да го укинеме ветото, туку само да го поместиме. Промената на Уставот треба да се случи пред првото од многуте поглавја што треба да се отворат. Пред првото поглавје, тие мора да го променат својот Устав. Треба да ги ставиме на железничките шини на Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да ги поставиме од нас“, нагласи Петков.

„Ние на Северна Македонија го отвораме патот до Европа, но тој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и на тој начин ја користиме цела Европа за да го обезбедиме напредокот што го сакаме како Бугари“, порача бугарскиот премиер.

„Ако сакаме сега да го променат Уставот, тоа ќе биде многу тешко. Ако им кажеме тргнете напред, го укинавме ветото, првото поглавје не може да го отворат без промена на Уставот, и тогаш веќе не треба да го менуваат Уставот затоа што сака Бугарија, туку затоа што тоа е нивниот договор со ЕУ“, посочи Петков.

Тој рече дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјавила дека ЕУ е подготвена да биде гарант на процесот. „Таа рече дека се подготвени да ја стават промената на Уставот во рамковниот договор на ЕУ со Северна Македонија пред отворањето на првото поглавје“, рече Петков и додаде дека пред да видат такво нешто, нема да го започнат процесот. (Р.Н.)

Кирил Петков Северна Македонија Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.