НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Заев: Руската агресија врз Украина е причината зошто ЕУ мора да ги реши сите отворени прашања во регионов

0
By Соња Крамарска on April 27, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Чест ми е да зборувам за европските вредности денес, од мојата Струмица, европска Струмица, на овој случаен и симболичен датум – 27 април 2022 година, 5 години од победата на храброста и демократијата, врз стравот и диктатурата кои на денешен ден во 2017 година во македонскиот парламент се обидуваа тогаш да ја завијат Македонија во црно, рече екс премиерот Зоран Заев денес на панелот за иднината на Европа, што се одржува во Струмица во организација на француската амбасада.

Денес, на 27 април, сакам да честитам од тука нов мандат на претседателот Макрон – тој носи нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа, рече Заев. Кога е во прашање да се донесе одлука меѓу либерализам наспроти конзервативизам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста, дополни тој.

„Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница. Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода“, истакна екс-премиерот.

„Кој можеше да помисли дека во очи 9 Мај, годинава, натпреварот ќе биде кој победил. Европа или Путин? 9 Мај – 2022 година – чија победа е поголема? Онаа над фашизмот или онаа за Европа? Или онаа против Европа? Дали сме за воена агресија или за културен натрпевар меѓу народите? За Путин или за Делчев? За агресија или за европски слободи? Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор“, подвлече Заев.

Бидете уверени, рече тој, дека 9 Мај годинава ќе биде употребен за пропаганда. И апелирам – сите ние, секој од нас, да се држиме цврсто до нашите европски постулати – 9 Мај е нашата црвена слободарска база – на 9 Мај Европа го порази фашизмот – на 9 Мај годинава да останеме со кренати глави – да не дозволиме агресијата да ни го земе 9 Мај.

Заев рече дека руската агресија врз Украина е причината зошто ЕУ мора да ги реши сите отворени прашања во регионов. Особено нашето, македонското прашање. „Не постои оправдување за ниту една цивилна жртва во Украина. Не постои оправдување за украинските деца кои со огромна грижа бараат безбеден дом насекаде низ Европа. Нема да постои оправдување доколку падне проектил врз спомен куќата на Крсте Петков Мисирков во Одеса“, порача тој.

Ја прашувам ЕУ, рече Зев, од мојата европска Струмица која се граничи со Грција и со Бугарија  – дали механизмите за одлучување на Унијата се маханизми за развој на европска идеја? Ако не се, а знам дека не се, тогаш променете ги. ЕУ мора да носи одлуки во сопствена корист, а не во корист на национализмот.

„ЕУ мора да знае дека на православното население од Балканот не му е лесно да застане наспроти православниот руски народ. Ама нашите народи се мудри – ние не застануваме наспроти рускиот народ, туку наспроти воената агресија на Путин врз суверенитетот врз братска Украина“, рече Заев. (Б.Ј.)

 

Заев панел Струмица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.