НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напорно работиме со Бугарија за да ги започнеме преговорите, вели Маричиќ за РАИ

0
By НОВА ТВ Terziova on April 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за италијанскиот сервис РАИ, говореше за предизвиците со кои се соочи земјата во текот на седумнаесет години, како кандидатка за членство во ЕУ, како и за сегашните состојби и регионалните иницијативи за соработка.

– Волја на нашиот народ е нашата земја да стане членка на ЕУ поради подобри можности, подобра економија, подобар систем, и се разбира суштинските вредности на демократиите – човековите права и слободи. Тоа е потребно за подобар живот и се разбира, за поголема посветеност на земјата кон развој и демократија во исто време, рече Маричиќ.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, во однос на кредибилноста на ЕУ во однос на политиката за проширување, Маричиќ посочи дека истата е намалена, после седумнаесет години чекање да се започнат преговорите, од многу причини.

– Затоа напорно работиме со Бугарија и со нашите европски партнери за да ги започнеме преговорите што е можно поскоро и да ја вратиме енергијата на овој процес, со цел да се финализира европскиот проект и всушност проектот за стабилност и просперитет на Балканот, додаде вицепремиерот Маричиќ.

Во интервјуто на прашањето за „Отворен Балкан“ вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на регионалните иницијативи за напредок на земјите од Западен Балкан, посочувајќи дека е важно границите да се направат пофлексибилни, а со тоа и повеќе можности за граѓаните.

– Ако покажеме дека можеме да соработуваме да ја надградуваме нашата соработка економски, прагматично, заснована на европските правила, тогаш ќе значи дека сме подобро подготвени да влеземе на едиствениот пазар на ЕУ и да функционираме во тој систем, рече вицепремиерот Маричиќ.

Според него, бројни се придобивките кои ги добија и кои ќе ги добијат граѓаните, и од таа причина е добро во „Отворен Балкан“ да се приклучат и Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

ЕУ Македонија маричиќ отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.