НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даниловски до власта: Вакцините не се приоритет, вработете здравствен кадар

0
By НОВА ТВ Terziova on May 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорот и епидемиолог Драган Даниловски смета декa од наесен ќе има благ сезонски пораст на бројките.

-Во Јужна Африка се појавија нови варијанти за кои се верува дека се позаразени од сегашниот. Исто така има и во САД. Ако тие две варијанти успеат да станат доминанти во светот, веројатно и кај нас еден ден, порастот на бројките би бил малку поизразен, но ништо страшно нема да се случи. Колективниот имунитет што го имаме сретнато е ненадминлива бариера, вели докторот во изјава за ТВ Сител.

Според него ефективниот репродукциски број на заразени со ковид-19 благо расте од 24-ти април.

– За очекување е ваков благ пораст и во наредните денови со оглед на празниците. Гужвите ќе доведат до поголем број, но тоа нема да влијае на епидемиолошката состојба, вели д-р Даниловски.

Даниловски појаснува дека омикрон оди кон тоа да стане ендемски вирус.

-Тој и понатаму ќе биде поопасен од грипот затоа што кај 30 до 40% што го прележуваат вирусот, настануваат пост-ковид компликации. Исто така тој ќе биде опасност за невакцинираните граѓани, информира докторот.

Епидемиологот Даниловски им порача на здравствените власти додека земјата е во „зелена зона“ со пандемијата да го искористи овој период да посвети повеќе внимание на пациентите со постковид-компликации кои ги има во се поголем број, а останатите сегменти како имунизацијата да ги стави во заден план.

И порача на власта да не го преспива летото, туку да го искористи максимално мирниот период.

– Летово не треба да се преспие, треба да се искористи, да се вработи здравствен кадар – доктори и медицински сестри, да се одржат семинари за ракување на апарати за кислородна поддршка, бидејќи видовме дека има импровизирање, да се обезбеди лекот „Пакскловид“, а неопходно е да се направи и соодветен протокол за лекување, порача Даниловски.

даниловски Ковид Македонија Омикрон Пандемија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.