Еквадорскиот претседател и социјалистички лидер Рафаел Кореа повторно е избран за трет мандат со повеќе од 50% од гласовите. Неговиот главен противкандидат Гилермо Ласо со 23,3% од гласовите го призна поразот, јавува Би-Би-Си.
Обраќајќи се пред неговите приврзаници во главниот град Кито, г-дин Кореа повика на “уште четири години револуција”.
Првпат избран во 2007, социјалистичкиот лидер Кореа е заслужен за политичката стабилност на една нација која претрпуваше со децении протести.
Меѓутоа, критичарите го обвинуваат Кореа дeка е всушност диктатор во зародиш, пишува Би-Би-Си. 49-годишниот американски-обучен економист е обвинет за спроведување на политики кои служат за зајакнување на својата власт и еродирање на влијанието на политичките противници и приватните медиуми.