Најмалку осум лица загинаа, а 30 се повредени во експлозијата во хотелот „Саратога“, во центарот на кубанската престолнина Хавана, соопшти кубанската влада на Твитер.
Хотелот повторно требаше да се отвори за четири дена, откако беше затворен во голем дел од пандемијата.
Спасувачките екипи пребаруваат по урнатините со надеж дека ќе најдат уште преживеани. Властите кажаа дека меѓу загинатите се и трудница и дете.
Во прв момент помисливме дека е земјотрес, а потоа видовме големи облаци од чад и прашина“, изјави еден сведок.
Претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел, изјави дека не станува збор за бомба или напад, туку за трагична несреќа.
„Саратога“ беше едно од обележјата на колонијалната област на Хавана, а меѓу славните личности кои престојувале таму се Мадона, Бијонсе и Мик Џегер.
„Според првичните наоди, се повикуваме на верзијата дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас“, јави кубанското претседателство на Твитер.