Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гувернерката уверува дека македонските банки ќе се справат со сите ризици

0
By Biljana on May 7, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 7, 2022 10:09

 Новите закани коишто ги донесе корона-кризата докажаа дека банкарскиот сектор во регионот и кај нас е отпорен на шокови и има капацитет да им одговори на предизвиците коишто можат да произлезат од руско-украинскиот конфликт. За заштита на економиите и финансиските системи, важно е монетарната политика постепено да се враќа во нормална состојба.

Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Десеттиот годишен состанок на гувернери и банкари од регионот, којшто се одржува во Ровињ, Хрватска.

Зборувајќи за банкарскиот сектор кај нас, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека банките го одржаа кредитниот циклус во сложените услови на пандемијата, додека кредитирањето дополнително зајакна од почетокот на годинава.

„Кредитирањето се зголеми за 10% во март, при што растот на кредитирањето на корпоративниот сектор го надмина растот кај домаќинствата. Нефункционалните кредити и натаму се на ниско ниво од 3,1% во март, што е меѓу најниските во земјите од Западен Балкан и пошироко и воедно е подобро во однос на нивоата забележани пред пандемијата. Банките располагаат со доволно капитал, што е важна предност при справувањето со ризиците. Финансиската изложеност на нашата земја кон Русија и Украина е доста ниска и немаме присуство на руски и украински банки. Редовните стрес-тестови, исто така, покажуваат дека банкарскиот систем во целина е отпорен на евентуални шокови“, вели Ангеловска-Бежоска.

Таа додаде дека предизвиците со кои се соочи банкарскиот сектор кај нас дојдоа главно од шпекулациите за стабилноста на девизниот курс, коишто беа прилично изразени од почетокот на руско-украинската криза. Сепак, благодарение на традиционално високите нивоа на ликвидност на домашните банки, како и решителната реакција на Народната банка, ситуацијата брзо се стабилизира.

„Нивото на девизните резерви и натаму е солидно и може да ја гарантира стабилноста на девизниот курс. Покрај тоа, пристапот до специјалната репо-линија обезбедена од Европската централна банка е дополнителен заштитен механизам, којшто ја поддржува стабилноста на девизниот курс“, посочи гувернерката.

Таа истакна дека иако очекувањата за економски раст и во Европа и во регионот се намалени, сепак проекциите за годинава сè уште се позитивни. Кредитирањето е умерено и претпазливо. Коефициентот на долгот во однос на приходите е околу 40%, што се смета за претпазливо ниво и во согласност со европските лимити. Ова значи дека корисниците на кредити се помалку чувствителни на случувањата, вклучително и на ефектите од евентуалното затегнување на монетарната политика. Од особено значење е кога монетарната политика ќе се враќа кон нормалната состојба, тоа да се прави постепено за да се избегнат можните ранливости, посочи гувернерката.

Инаку на настанот на кој учествуваше Ангеловска-Бежоска, зборуваше и Клаус Рeглинг, првиот човек на Европскиот стабилизациски механизам, како и гувернерите на централните банки од регионот, односно на Хрватска, Борис Вујичиќ, на Словенија, Боштјан Васле, на Босна и Херцеговина, Сенад Софтиќ и на Црна Гора, Радоје Жугиќ. Годишниот состанок е наменет за разгледување на актуелните теми и политики и на него учествуваат гувернерите на централните банки, експертите од областа на монетарната политика, претседателите на регионалните деловни банки и членовите на одбори, како и претставниците на меѓународните финансиски институции. Теми на овогодишниот состанoк се економското закрепнување во контекс

Анита Ангеловска-Бежоска гувернерка Народната банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.