НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска за ХТВ: Очекуваме забрзување на инфлацијата како последица на војната во Украина

0
By НОВА ТВ Terziova on May 8, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската економија нема да остане имуна и секако ќе ги почувствува последиците од руско-украинската криза. Очекуваме забавување на економскиот раст, како и забрзување на инфлацијата, посочи во изјава за ХТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Десетиот регионален состанок на гувернерите на централни банки, кој се одржува во Ровињ, Хрватска.

На овогодишниот состанoк темите се економското закрепнување во контекст на конфликтот во Украина и санкциите кон Русија, неизвесноста и финансискиот сектор, инфлацијата и монетарната политика.

Гувернерката истакна дека, слично со останатите земји во регионот, директните трговски и финансиски врски на Република Северна Македонија со Русија и Украина се слаби, како и дека конфликтот ќе влијае на македонската економија преку други канали. Трговијата со овие две земји е помалку од 2% од вкупната трговија. Уделот на странски директни инвестиции од Русија и Украина е исто така многу низок, или 0,5% од вкупните странски директни инвестиции во 2020 година.

Сепак, индиректните влијанија, преку глобалната, но пред се европската економија врз земјите од регионот нема да изостанат. Тие ќе се почуствуваат преку четири главни канали – трговија, цената на примарните производи, затегнувањето на меѓународните финансиски пазари и довербата кај потрошувачите, посочува гувернерката. ММФ прогнозира дека глобалната трговија ќе расте, но поспоро – 5%, цените на примарните производи од почетокот на годинава сеуште имаат нагорен тренд, каматните стапки на меѓународните финансиски пазари се зголемија, а неизвесноста може да ги забави инвестициите и потрошувачката. Сепак меѓународните финансиски институции тековно очекуваат дека економиите ќе растат, иако со забавена динамика, а инфлацијата од втората половина на годината постепено да се стабилизира.

Гувернерката нагласи дека повторно на потег се монетарната и фискалната политика – монетарната политика во насока на одржување на стабилноста, додека фискалната преку мерки за поддршка да ги ублажи ефектите врз економската активност на краток рок. На среден и долг рок, потребно е спроведување на агендата на структурни реформи, кој е единствен начин да се постигнат долгорочни ефекти.

бежовска економија инфлација Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.