НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фото+видео) Граѓаните импресионирани од воздухопловното шоу на спортскиот аеродром „Стенковец“

0
By НОВА ТВ Terziova on May 8, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓани на Скопје и на Северна Македонија, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и амбасадорките на САД и на Обединетото Кралство, Кејт Брнз и Рејчел Галовеј, денеска на спортскиот аеродром „Стенковец“ присуствуваа на отворениот ден за воздухоплови кој се организира во рамките на вежбата „Swift Response 22“, која е во тек.

Граѓаните имаа прилика одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет направија авионите од тимот A-10 Thunderbolt II и F-16.

Дополнително, присутните граѓани имаа можност да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“.

Премирот Димитар Ковачевски кажа дека Северна Македонија како домаќин на најголемата и сложена НАТО вежба, уште еднаш покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и опертивно да одговорат на операции, како и сите наши сојузнички армии. Тој посочи посочи дека „Брз одговор 22“ е најголемата воена вежба која што досега се реализирала во Северна Македонија, а во неа учествуваат околу 4 600 армиски припадници од осум различни сојузнички земји.

Премиерот нагласи дека вежбата е манифестација на способноста на Армијата на РСМ, бидејќи е резултат на долг планирачки процес, а изработена е согласно едногодишниот план за вежби на Армијата и воздухопловните сили на САД.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска пак, потсети дека големиот ден во рамки на вежбата „Брз одговор 22“ ќе се случи на 12 мај.

„Многу е значајно она што го правиме во овој период во нашата држава односно со изведбата на оваа вежба, покажува и демонстрира едно единство помеѓу сите НАТО сојузници и испраќа една многу силна порака, а тоа е дека кога сте во НАТО не сте сами, односно сите сме тука заедно. Истовремено оваа вежба покажува и она што е денеска го видовте, перформансот на воздухопловите, покажа одлична соработка помеѓу воздухопловните власти во нашата држава и воздухопловните власти во Република Грција коишто практично се дел од политиката за обезбедување на воздушниот простор на нашата држава“, порача Петровска.

Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј рече дека денешната призентација на различни воздухоплови и летала, е приказ на способностите на НАТО.

„Ми претставува задоволство што сум тука на статички приказ и што имам можност да го видам хеликоптерот апачи којшто беше распореден од страна на четвртиот полк на армискиот воздухопловен корпус на Обединетото Кралство на ова вежба. Ова е најсовремен воздухоплов, има централна улога во тоа како британската Армија се претставува во НАТО во изминативе 20 години. И тоа што денеска имаме можност да го видиме со различните воздухоплови и летала, е приказ на способностите на НАТО и начинот на којшто ние заедно функционираме. Досега успеавме заедно да функционираме и ќе продолжиме заедно да функционираме и во иднина“, нагласи Галовеј.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз посочи оти се надева дека граѓаните се горди за денешниот приказ.

„Би сакала да ја истаканам својата благодарност на многу луѓе коишто придонесоа во спроведувањето на овој приказ, се разбира во спроведувањето на целата вежба. Навистина инспиративно е она што може да се види тука и што може да се постигне, а овој тим тоа го покажа“, рече Брнз.

воздухоплови Макеоднија Скопје стенковец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.