Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коста Петров за Нова: Ниту сум склучил договор со издавачката куќа „Три“, ниту сум донел одлука за финансирање

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 11, 2022 12:24

Поранешниот директор на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, против кого има анонимна пријава во Државната комисија за спречување на корупцијата во изјава за Нова вели дека ниту склучил договор со издавачката куќа „Три“ додека беше прв човек во Фондот, ниту било кога додека ја извршувал својата функција донел одлука за финасиска поддршка на проект од оваа издавачка куќа.

Според пријавата што била доставена до антикорупционерите наводно станува збор за конфликт на интереси затоа што на издавачката куќа „Три“ и биле одобрени пари за проект, а дека токму оваа фирма ги издавала и книгите на Петров, како што  беше и првото негово печатено дело „Се гледаме на врвот“ кое пред околу три години стана и една од најпродаваните книга од македонски автор во земјава.

– Како прво не сум запознаен дека од страна на Државната комисија за спречување корупција е отворен предмет за било какво мое постапување. Во време на вршење на мојата функција како директор на Фондот за иновации и технолошки развој не сум донел одлука за финансирање на проект ниту сум склучил договор за доделување на финансиски средства со издавачката куќа „Три“, тврди Петров.

Тој појаснува дека такво нешто и не можело да се случи ако се земе предвид дека носењето одлука за доделување на финансиски средства за финансирање на проекти, воопшто не е во надлежност на директорот.

Петров се повикува на Законот за иновациска дејност според кој  доделувањето финансиски средства за финансирање на проекти е во надлежност на Комитетот за одобрување на инвестиции.

Петров објаснува дека Комитетот за одобрување на инвестиции се состои од пет члена кои ги избира Владата, од редот на реномирани меѓународни експерти.

– Комитетот ги разгледува и одобрува предлог-проектите доставени до нив, по што донесува одлука за финансирање на доставените проекти. Сето погоре наведено може да се верификува со проверка на целокупната документација која е достапна во Фондот за иновации и технолошки развој. Останувам и понатаму отворен за соработка со надлежните институции, ни изјави Петров.

Во Државната комисија за спречување на корупцијата ни потврдија дека стасала пријава против Петров, отвориле предмет, а дека во текот на истрагата ќе го повикаат Петров да даде изјава за случајот и да приложи документација.   Наводно, според анонимната пријава, Фондот за иновации и технолошки развој кофинасирал 5.936.000 денари за проект на издавачката куќа „Три“  со вкупна вредност од  7.249.159 денари, од кои 2.174.747 биле сопствено кофинасисрање.

С.М.

 

Државната Комисија за спречување корупција Коста Петров финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.