Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Apple ја губи позицијата како највредна фирма во светот, паѓаат и криптовалутите

0
By Соња Крамарска on May 12, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 12, 2022 10:04

Apple ја загуби позицијата како највредна компанија во светот поради широката распродажба на технолошките акции. Производителот на нафта и гас од Саудиска Арабија Aramco се врати на првото место  по речиси две години – позиција што ја загуби поради производителот на ајфон.

Инвеститорите ги продаваат своите акции во технолошките фирми и мигрираат кон  помалку ризични вложувања. Биткоинот, другите големи криптовалути и дигиталните средства, исто така, продолжија нагло да паѓаат.

Акциите на Apple вчера во Њујорк паднаа за повеќе од 5 отсто за да го завршат трговскиот ден со вкупна берзанска вредност од 2,37 трилиони долари. Тоа значи дека Apple ја загуби позицијата како највредна компанија во светот од производителот на нафта и гас Aramco, чија вредност беше проценета на 2,42 трилиони долари. Ова е првпат Aramco да го држи првото место по 2020 година. Акциите на производителите на енергија се зголемија оваа година бидејќи цената на суровата нафта и природниот гас се зголемија. Во меѓувреме, акциите на Apple паднаа за речиси 20 отсто од почетокот на годината по распродажбата на технолошките акции.

Официјалните податоци покажаа дека инфлацијата во САД остана блиску до највисокото ниво во последните 40 години. Зголемувањето на цените е единствената најголема закана за закрепнувањето на глобалната економија како што излегува од пандемијата Ковид-19.

Централните банки ширум светот одговорија на проблемот со зголемување на каматните стапки, што предизвика напуштање на поризични инвестиции поради загриженоста дека повисоките трошоци за задолжување ќе го забават економскиот раст.

Исто така, падна и цената на биткоинот под 27.000 долари. Најголемата и најпозната криптовалута во светот сега изгуби околу 60 отсто од својата вредност откако достигна рекордно високо ниво во ноември минатата година. Етер, дигиталната монета поврзана со блокчејн мрежата ethereum, исто така нагло падна и сега изгуби околу една третина од својата вредност во последната недела.

акции Ејпл криптовалути
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.