Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вики Котевска: Сме враќале во живот и пациенти кои по 6 месеци биле во кома

0
By НОВА ТВ Balaban on May 13, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 13, 2022 17:38

Сѐ додека не се испотите додека го масирате пациентот за да ја вратите срцевата акција и да успеете да го реанимирате – нема предавање во борбата за неговиот живот. Но едно е кога тие ситуации ги гледате на филм, друго кога на час учите за нив, а сосема трето кога ги доживувате, вели за НоваТВ, Вики Котевска, анестезиолошка сестра на КАРИЛ  

Ја обезбедивме за разговор Вики Котевска на куса пауза помеѓу ангажманот во операциона сала и на интензивниот оддел на Универзитетската Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје, каде од 1995 година работи како  анестезиолошка сестра.

Звукот од апаратите за реанимација ѝ одѕвонува и кога не е работа. Во овие речиси три децении сестра Вики била учесник во многу драматични ситуации.

–  Сѐ додека не се испотите додека го масирате пациентот за да ја вратите срцевата акција и да успеете да го реанимирате – нема предавање во борбата за неговиот живот. Но едно е кога тие ситуации ги гледате на филм, друго кога на час учите за нив, а сосема трето кога ги доживувате. За овие 28 години се случуваа најразлични драматични ситуации… За многумина пациенти за коишто, иако на почетокот не сме верувале, сме успеале да ги извлечеме од тешки, речиси безнадежни состојби… Имавме пациент кој беше цели 6 месеци во кома, со 2 кардио ареста (прекин на работата на срцето), со две сепси, и кој, за среќа, се извлече и преживеа…Но за жал, сме имале и ситуации кога ни починале пациенти и по релативно полесни, елективни операции, бидејќи се случиле некои компликации…Затоа мора да сме чекор пред ситуацијата, за да го спречиме несаканиот исход, а не да ги лекуваме последиците, туку да спречиме да не дојде до нив, раскажува Котевска за НоваТВ, по Денот на сестринството којшто вчера беше одбележан.     

Таа додава дека анестезиолошките сестри се обучени за најтешките ситуации – при застој на срцевата работа, проблеми  во циркулацијата, мораат да ја познаваат механичката вентилација, како и контролата на виталните параметри и многу други познавања.  

– И во големите несреќи коишто за жал се случуваа во нашата земја, при што имаше многу повредени, но и еве во ковид-пандемијата, нашиот персонал е прв на линијата во битката за животот. Токму првите излекувани од ковид-19, кои беа симнати од апаратите за механичка вентилација, беа спасени благодарение на тимовите од КАРИЛ во Клиничкиот центар и во ГОБ „8 Септември“. Сиве овие години многу стручни кадри научија многу од нас, но доста од нив и си заминаа во странство, а дел од нив останаа.., вели сестра Вики, која, освен за пациентите во нашата земја, се грижела и за критично болните и во Авганистан додека престојувала во мисија во оваа земја.

Освен тоа, таа, заедно со нејзините колешки медицински сестри активно учествуваат на семинари и на интернационални предавања, каде, нагласува Котевска, „сме меѓу најактивните и се трудиме да го задржиме но и унапредиме имиџот на КАРИЛ“.

– Ние ги внесуваме во длабок сон пациентите и прво нас нѐ гледаат кога ќе се разбудат. Нема пациент што не се плаши, а кога го прима во операциониот блок, независно од сѐ наоколу, фамилијата и сѐ што ѝ се случува, анестезиолошката сестра е првата којашто треба да покаже разбирање, утеха и помош. И кај нас постои страв, секако, но не смееме да му се предадеме, ние сме тука за сѐ да биде в ред, за пациентот да е безбеден. Ние го живееме животот на пациентот додека сме во операциона сала, со многу пожртвуваност и емпатија, која понекогаш ни недостига и за најблиските…, раскажува Вики.  

 За тоа како што повеќе медицински лица да останат во нашата земја, Котевска нагласува:

– Во светот, особено сестрите од терцијерно ниво, од клиничките центри, се исклучително ценети и барани…особено искусниот персонал кој од нашата земја си заминува со години наназад. Има многу посилни здравствени системи во светот од нашиот, но тие не можат да си го дозволат „луксузот“ и да им заминуваат искусни сестри,како што се случува кај нас, затоа ги привлекуваат оние од другите земји. Медицинска сестра која има стаж од една година, сепак не може да се мери со сестра која работи 10 и повеќе години…Затоа  мора да работиме и на тоа да ги повратиме искусните медицински  сестри, бидејќи не може, на пример, една осмина медицински сестри да ги покриваат со својата работа другите 7/8 коишто фалат… Да, одвреме-навреме се надополнува персоналот со нови вработени, кои се  најчесто млади и неискусни, додава Вики.

Таа нагласува дека мора што побрзо да се донесе закон за сестринска дејност.

– Се сменија многу политички гарнитури, а ние упорно укажуваме дека законот што поскоро мора да се изготви, и за, меѓу другото, да ги сочуваме сестрите да останат и да работат тука, во нашата земја. Факт е дека има подобрување во финансискиот дел, во примањата кај сестрите, но предизвикот останува – ако сестрата тука зема една шестина од платата на колешката што е во странство, а работи многу, ќе размисли и претпоставувам ќе си замине за 4 пати поголема плата, а за помал обем на работа…А понуди и можности  секојдневно се отвараат – еве, да не бидам нескромна, ја кажувам реалноста, само јас за седум месеци имав две сериозни понуди за работа во странство. Иако нас тука повеќе не води епматија во работата и желбата да помогнеме, за да нѐ задржат, мора да бидеме испочитувани и во другите 52 недели и запрашани што најмногу нѝ недостига за да сме комплетни партнери во здравствениот систем. Алката на сестринството мора да е многу силна во системот, порачува Котевска.

Љубица Балабан

 

 

анестезиолошка сестра. Вики Котевска КАРИЛ операциона сала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.