НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За дискусија за влезот во НАТО се пријавија 150  од 200 пратеници во Финска, Русија ги удвои заканите

0
By Соња Крамарска on May 16, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шведскиот и финскиот парламент денеска почнаа да расправаат по прашањето за влез во НАТО, а седницата во Хелсинки најверојатно ќе трае неколку дена. Додека 85 отсто од 200-те пратеници на Финска го поддржуваат членството, 150 побараа да зборуваат и не се очекува дискусиите да завршат и да има гласање денеска.

„Нашето безбедносно опкружување фундаментално се промени“, рече премиерката Сана Марин отворајќи ја дебатата во парламентот. „Единствената земја што ја загрозува европската безбедност и сега отворено води војна на агресија е Русија“, додаде.

Русија и денес им порача на Финска и Шведска дека нивната одлука да се приклучат на воената алијанса е „сериозна грешка со далекусежни последици“ и дека не треба да претпоставуваат дека Москва нема да одговори.

Финската влада вчера ја потврди својата намера да се приклучи на НАТО, додека шведската владејачка партија се согласи да се откаже од долгогодишното противење на идејата, отворајќи го патот за заедничка апликација за членство во рок од неколку дена.

Одлуките на двете влади, од кои и двете останаа неутрални или неврзани од крајот на Втората светска војна, ќе значат историско прецртување на безбедносната мапа на Европа, по руската инвазија на Украина на 24 февруари.

„Ситуацијата, се разбира, радикално се менува во светло на она што се случува“, рече и денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков. „Фактот дека безбедноста на Финска и Шведска нема да се зајакне како резултат на ова, ни е многу јасен“. Рјабков додаде дека двете нордиски нации „не треба да имаат илузии дека тоа едноставно ќе го поднесеме“, предупредувајќи дека потегот е „уште една тешка грешка со далекусежни последици“ и дека „општото ниво на воена тензија ќе се зголеми“.

Русија постојано ги предупредува двете земји да не се приклучат кон НАТО, велејќи дека таквиот потег ќе ја обврзе да ја „врати воената рамнотежа“ со зајакнување на својата одбрана во регионот на Балтичкото Море, вклучително и со распоредување нуклеарно оружје.

Финска дели копнена граница долга 1.300 километри со Русија, а Шведска поморска граница. Двете земји со децении сметаа дека приклучувањето кон 30-члената алијанса на НАТО предводена од САД би претставувала непотребна провокација на Москва. Инвазијата на Путин на Украина на 24 февруари доведе до длабока промена во нордиското размислување, при што јавната поддршка за пристапот во НАТО во Финска е повеќе од тројно зголемена и изнесува околу 75 отсто, додека во Шведска се движи меѓу 50 и 60 отсто.

НАТО Русија Шведска и Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.