НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема веќе сендвичи Мекдоналдс за Русија

0
By Соња Крамарска on May 16, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот гигант за брза храна Мекдоналдс ќе излезе од рускиот пазар и ќе го продаде својот бизнис, соопшти денес компанијата. Во соопштението се вели дека по повеќе од 30 години работење во земјата, корпорацијата Мекдоналдс објави дека ќе излезе од рускиот пазар и започна процес за продажба на својот бизнис во Русија.

„Хуманитарната криза предизвикана од војната во Украина и непредвидливата бизнис клима, го наведоа Мекдоналдс да заклучи дека бизнисот во Русија повеќе не е одржлив, ниту е во согласност со вредностите на Мекдоналдс“, се наведува при објавувањето на одлуката. Портпаролката на компанијата рече дека Мекдоналдс сака да го продаде „целото свое портфолио во Русија на локален купувач“. Притоа по продажбата, рестораните повеќе нема да можат да го користат името, логото, брендирањето или менито на Мекдоналдс.

Русија, каде Мекдоналдс директно управува со повеќе од 80 отсто од рестораните што го носат неговото име, учествува со 9 отсто од приходите на компанијата и 3 отсто од нејзината оперативна добивка.

Главниот извршен директор Крис Кемпчински изјави: „Ние сме исклучително горди на 62.000 вработени кои работат во нашите ресторани, заедно со стотиците руски добавувачи кои го поддржуваат нашиот бизнис и нашите локални франшизи. Нивната посветеност и лојалност кон Мекдоналдс ја отежнуваат денешната објава. Сепак, ние имаме посветеност на нашата глобална заедница и мора да останеме цврсти на нашите вредности“.

Мекдоналдс во март ги затвори сите свои 850 ресторани во земјата, каде што вработува 62.000 луѓе.

Мекдоналдс Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.