Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Мицотакис – Бајден: Грција ќе набави воени авиони Ф-35 од САД

0
By Соња Крамарска on May 17, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 17, 2022 11:37

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во понеделникот потврди дека Грција се стреми конкупување на напредни борбени авиони Ф-35 произведени од САД и дека водечки американски одбранбен изведувач се обидува да инвестира во воздушната индустрија на земјата, пишува Катимерини.

„Ќе го започнеме процесот за набавка на ескадрила од авиони Ф-35 и се надеваме дека ќе можеме да го додадеме овој фантастичен авион во грчкото воздухопловство пред крајот на оваа деценија. И јас сум среќен што во петокот Локхид Мартин официјално го изрази својот интерес за оваа инвестиција“, рече Мицотакис на отворањето на приемот по средбата со американскиот претседател Џо Бајден.

„Нашите две нации работат заедно за климата и енергијата, на трговијата и инвестициите, на одбраната и одговорот при катастрофи и многу повеќе“, рече Бајден во својот говор на собирот во Источната соба на Белата куќа.

„Не е претерување да се каже дека денес нашето пријателство и партнерство и нашиот сојуз се поблиски и посилни отколку што биле досега“, рече тој. „Имавме одличен разговор. А опасниот дел за сите вас е што многу си се допаѓаме“.

Бајден, исто така, ја повтори пофалбата за ставот на Грција за војната во Украина, заблагодарувајќи му се на Мицотакис за „моралната храброст и јасност што ги покажавте од самиот почеток на оваа криза, осудата на руската агресија, приемот на украински бегалци“.

„Заедно, ја покажуваме моќта и капацитетот на демократиите да можат да дејствуваат во дует. И ние им помагаме на Украинците да кажат ‘не’ на руската агресија. И велиме ‘не’ на тиранијата и на идејата дека автократиите ќе ги надминат демократиите во 21-от век, бидејќи според мене тоа е она што е во прашање“, рече американскиот претседател.

Бајден-Мицотакис средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.