НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ким Џонг Ун ги обвини властите дека се спори и незрели во справување на епидемијата со ковид

0
By Biljana on May 18, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун оцени денеска дека одговорот на земјата на првата потврдена епидемија на коронавирус е незрел и ги обвини владините претставници за неадекватен и инертен одговор, објавија денеска државните медиуми.

Северна Кореја регистрирала уште 232.880 луѓе со симптоми на треска и уште шест смртни случаи откако земјата ја потврди епидемијата на корона вирусот минатата недела, пренесува Ројтерс.

Претседавачот на состанокот на Политбирото на владејачката Лабуристичка партија, Ким рече дека „незрелоста на капацитетот на државата да се справи со кризата ги зголемила сложеноста и тешкотиите во борбата против пандемијата“, според државната агенција КЦНА, пренесува Танјуг.

Од нејзиното прво признавање на избувнувањето на епидемијата на Ковид-19, Северна Кореја регистрирала 1,72 милиони пациенти со симптоми на треска, вклучувајќи 62 смртни случаи досега.

Сепак, државата соопшти и дека ситуацијата со вирусот во земјата добива „поволен пресврт“, додавајќи дека на партискиот состанок се разговарало за „задржување добри шанси на севкупниот фронт на превенција од епидемии“.

Во извештајот не е прецизирана основата за ваквата позитивна оценка, наведува Ројтерс.

Земјата сè уште не започнала со масовна вакцинација и има ограничена можност за тестирање за вирусот, поради што многу експерти се загрижени дека можеби е тешко да се процени колку широко и брзо се шири болеста.

Според агенцијата KCNA, Северна Кореја се залагала за подобро ракување со „собирање, транспорт и тестирање на примероци од оние со треска, со инсталирање дополнителни капацитети за карантин“.

KCNA, исто така, објави дека здравствените власти развиле водич за лекување на Ковид-19.

Официјални лица и истражувачи ги засилија напорите за „масовно производство и производство на лекови ефикасни за лекување на вирусни инфекции и воспоставување порационални дијагнози и методи на лекување“, но агенцијата не даде детали за кои лекови станува збор.

ким џонг ун Ковид Свет Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.