Претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ утрово пристигна во Скопје. Пред зградата на Владата ја пречека премиерот Димитар Ковачевски по што заминаа на разговори во премиерскиот кабинет.
Потоа е предвидено заедно да учествуваат на самитот што го организира „Македонија 2025″.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка.
Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, и посакал добредојде и изразил големо задоволство од нејзината средба, посочувајќи дека посетата на премиерката Брнабиќ, во време на предизвиците со кои се соочува Европа и регионот, ќе ја искористат да разговараат на темите поврзани со напредокот во евроинтеграциите на двете пријателски земји, меѓусебната соработка и околу подготовките и активностите на Самитот на „Отворен Балкан“.