НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Немаме однос кон водата како ресурс, загубите достигнуваат и до 60 отсто, вели Бислимоски

0
By НОВА ТВ Balaban on May 19, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири регулаторни тела од регионот меѓу кои Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора како и Асоцијацијата на Регулаторни тела на Европа за водни услуги (WAREG) во Тирана потпишаа Меморандум за соработка во областа на водните услуги.

Регулаторите се обврзаа и формално преку заедничка соработка да ја усогласат домашната регулатива со законите на Европската Унија.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, кој е воедно и потписник на Меморандумот посочи дека документот е резултат на досегашните заеднички билатерални програми за соработка во рамки на WAREG за зајакнување на институционалните капацитети на регионално ниво.

– Делиме исти предизвици, а клучен постулат во нашата работа е на сите потрошувачи да им се обезбеди правото на вода, која треба да е високо квалитетна и достапна по тарифа која ќе гарантира и инвестиции во мрежата со цел да се намалат загубите, посочи Бислимоски.

„Оваа фаза од процесот на реформи во секторот за води во нашите земји е неизбежна и од голема важност за да имаме доверливи, одржливи и економични системи за регулација на водните услуги. Последните податоци покажуваат дека немаме однос кон водата како природен ресурс и загубите на национално ниво  достигнуваат до 60 отсто поради лошата инфраструктура и поради отсуство на инвестиции на јавните претпријатија. Секој пат кога се определува опсег на тарифа, советите на општините најчесто ја одбираат тарифата во чија структура степенот на инвестиции е на најниско ниво и подразбира базично одржување на мрежата. Ова е проблем со кој што сите се соочуваат и во регионот. Неопходно е да се објасни секој денар за што се троши и колку инвестиции се реализираат во комуналните претпријатија“ истакна Бислимоски, претседателот на РКЕ.

 

 

 

 

 

водата Марко Бислимоски РКЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.