Под мотото „20 години заедно“ со две прослави во Скопје и во Тетово на плоштадите „Скендер бег“ и „Илирија“ Демократската унија за интеграција ќе прослави 20 години од трансформацијата на паравоената организација Ослободителна народна Армија (ОНА) во политичка партија ДУИ, информираше преку Фејсбук информира лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Прославите ќе се одржат на 3 и на 4 јуни во Скопје и во Тетово.
-20 години Демократската унија за интеграција приредува прослава за сите затоа што посакуваме заедно да го одбележиме децениското патување и заедничките успеси. На 3 јуни голема прослава на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје, а на 4 јуни главната манифестација на плоштадот „Илирија“ во Тетово! Бидете спремни за прославата пријатели – пишува Ахмети.