Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Рим ништо ново: Ковачевски вели дека нема договорен документ, Петков вели ќе го праша Радев

0
By НОВА ТВ Terziova on May 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 23, 2022 19:35

На средбата меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот премиер Кирил Петков во предвечерието на одбележувањето на 24-ти мај и браќата Св. Кирил и Методиј имаше најави  дека токму денес двете страни ќе објават напредок во преговорите за кревање на бугарското вето. Но засега од Рим ништо ново.

„Во овој момент не можам да кажам за тоа дали има напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ со Бугарија, но разговорите продолжуваат меѓу експертските тимови на министерствата за надворешни работи и штом ќе има одреден напредок тогаш ќе биде соопштен на ниво на министри“, вели Ковачевски.

Според Ковачевски, договорено е тие разговори да продолжат со цел да се обидат министерствата за надворешни работи да дојдат до документ што би бил прифатлив за двете држави и би претставувал основа за решение кое ќе може да биде споделено со институциите во двете држави.

– Воопшто не разговаравме и за тоа дали има нови услови од Бугарија. Се работи на оние прашања кои беа отворени и претходно, за нив веќе постои т.н. португалски предлог, кој што уште е основа за разговори помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој момент не можам да кажам за напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ, со оглед на тоа што додека не се дојде до таков документ не можеме да зборуваме за напредок, рече Ковачевски.

Бугарскиот премиер Кирил Петков од Рим испрати порака дека нема самостојно да носи одлука за Македонија туку тоа мора да биде со широк консензус. Истовремено тој побара од претседателот Радев да го свика Советот за национална сигурност.

„Важно е да имаме конструктивен дијалог и тој да продолжи, да не потклекнуваме на провокации од различни групи кои не сакаат напредок и само на таков начин може да градиме добрососедски односи кои ги сакаат  и двете страни“, додаде Петков.

 

 

Ковачевски Македонија Радев Рим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.