Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган најави нови воени операции во југот на Турција

0
By НОВА ТВ Terziova on May 23, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Реџеп Тајип Ердоган
Реџеп Тајип Ердоган
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 23, 2022 22:04

– Турција е подготвена да спроведе нови воени операции во регионите на Сирија долж турската граница, изјави денеска во Самсун турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Неприфатливи се повиците за ограничување на антитерористичките операции во реоните во Сирија западно од реката Еуфрат. За Турција не е битно каде дејствуваат терористите, ние сме подготвени да направиме се за нивно уништување, додаде Ердоган.

Изјавата на Ердоган следи откако Генералштабот на Вооружените сили на Турција денеска соопшти дека турската армија и силите на бинтовничката Слободната сириска армија, која ја има поддршката на Анкара, воспоставиле целосна контрола над реонот на Африн во северна Сирија, во рамки на операцијата „Маслиново гранче“.

Турската армија заедно со сојузничките сириски бунтовнички групи на 20 јануари почна воена операција против Силите за заштита на народот во реонот на Африн. Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Според Анкара, со операцијата „Маслиново гранче“, Турција сака да спречи создавање на „терористчки коридори“ во Сирија и да ги спаси луѓето кои „се угнетени од терористчки организации“.

Ердоган уште во понеделникот изјави дека по освојувањето на Африн, операцијата „Маслиново гранче“ ќе продолжи и кон другите градови во Сирија што се под контрола на вооружените групи на сириските Курди.

– Сега ние ќе го продолжиме процесот на целосно уништување на коридорот составен од Манбиџ, Кобане, Тел Абијад, Рас ал Ајн и Камишли, изјави тогаш Еродган.

Во денешното обрачање во Самсум, Ердоган нагласи дека жителите во повеќе сириски градови, пред се во Манбиџ, Тел Абијад и Рас ал Ајн барат таму да дојде турската армија.

Тој се осврна и на обвинувањата, пред се од западите земји, дека Турција ја освојува Сирија.

– Никој нема право да тврди дека Турција ја освојува Сирија, Западот е тој што се појавува како освојувач, додаде Ердоган.

Според податоците на турската Армија, во рамки на воената операција во Сирија биле „неутрализирани 3.733 терористи“. Армијата прецизира дека под поимот „неутрализирани“ подразбира „терористи кои се предале, биле убиени или заробени“.

Во исто време, за време на операцијата „Маслинова грнче“ загинале и 47 турски војници.

воени операции Ердоган Свет Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

ВЕСТИ June 11, 2026

Мексико и Јужна Африка вечерва во 21.00 часот по средно европско време го отвораат 23тото…

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.