Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директори во ЕВН добија кривична пријава за продажбата на парцели во делчевско

0
By НОВА ТВ Terziova on May 26, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 26, 2022 17:03

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против вкупно седум физички лица, од кои две физички лица во својство на управители на ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дела измама во службата по член 355 вв соизвршителство по член 22 од Кривичниот Законик на РСМ, соопшти Управата.

Случајот со нелегалната продажба на парцели за изградба на фотонапонски централи беше обелоденет лани во ноември. Станува збор за договор склучен една недела пред стартот на кампањата за локалните избори, кога ЕВН Електрани, фирма ќерка на ЕВН Македонија, за многу повисока цена од реалната купила најмалку седум парцели во околината на Делчево, со намера ЕВН на овие парцели да постави фотоволтаични централи за производство на електрична енергија.

Како што соопшти Финансиската полиција, едно физичко лице доби пријава поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело измама во службата по член 355 вв помагање по член 24 од Кривичниот законик на РСМ и четири физички лица во својство на склучувачи на договори за купопродажба на недвижен имот со ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело измама во службата по член 355 вв помагање по член 24 од Кривичниот законик на РСМ.

Првопријавениот и второпријавениот, во својство на управители на ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје, свесно и со однапред утврдена намера, со изготвување на cost benefit анализи (анализи на трошоци и добивки) кои содржат лажни и невистинити податоци, притоа прикривајќи суштински факти – лажно презентирајќи несоодветни земјишта што одредени земјишта не ги исполнуваат законските услови за пренамена на земјоделско во градежно земјиште и одредени земјишта се во несоодветна категоризација на земјиште за намената за која што се купуваат, презентирајќи пазарни цени за купопродажба на земјишта кои не соодвествуваат со реалните пазарни цени на земјиштата за конкретната категоризација и класа на земјиште, прикривајќи го фактот дека пријавените физички лица – продавачи се меѓусебно поврзани лица поради нивните блиски меѓусебни пријателски и роднински врски, како и блиски пријателски и деловни врски со првопријавениот, го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје да донесе Одлука-одобрение за склучување на договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи, врз основа на која одлука се склучени договори со четвртопријавениот, петтопријавениот, шестопријавената и седмопријавениот и по основа на таквите штетни договори првопријавениот и второпријавениот овозможиле на сметките на четвртопријавениот, петтопријавениот и шестопријавената од ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје да се исплатат парични средства во вкупен износ од 99.431.060 денари за земјишта чија реална пазарна вредност изнесува вкупно 2.146.723 денари.

Четвртопријавениот, петтопријавениот, шестопријавената и седмопријавениот, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да помогнат во реализацијата на кривичните дела извршени од страна на првопријавениот и второпријавениот, а по добиени насоки, совети и упатства од третопријавениот, во периодот од 01.09.2021 година до 17.09.2021 година склучиле вкупно деветнаесет договори за дар на недвижен имот со повеќе физички лица, кои договори во својата суштина се договори за купопродажба на недвижен имот, имајќи предвид дека на лицата дародаватели на денот на склучување на договорите им биле исплатени парични средства во кеш со средства обезбедени од страна на третопријавениот, а таквото склучување на фиктивни договори за дар било со цел и намера пријавените лица да ја избегнат обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за продажба на земјоделско земјиште, со што ги ограничиле законски пропишаните права на одредена група на субјекти да го остварат законско даденото право на првенство кога станува збор за купопродажба за земјоделско земјиште и со таквото склучување на фиктивни договори за дар пријавените лица, свесно и со однапред утврдена намера, ја исклучиле можноста трета страна да се јави како купувач на конкретните земјишта, а се со цел пријавените лица да бидат единствени потписници на договорите за купопродажба на недвижен имот со ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје и паричните средства согласно склучените договори за купопродажба да бидат исплатени на нивните лични банкарски сметки.

Со претходно наведените дејствија, првопријавениот и второпријавениот, во својство на управители на ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје, помогнати од страна на третопријавениот, свесно и со однапред утврдена намера, ги извршиле кривичните дела кои им се ставаат на товар и со таквите инкриминирани дејствија овозможиле четвртопријавениот, петтопријавениот и шестопријавената да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 99.431.060 денари.

ЕВН кривична Македонија финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.