НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Не очекуваме домаќинствата да се вратат на затоплување со дрва поради растот на струјата

0
By НОВА ТВ Balaban on May 29, 2022 ЕКОНОМИЈА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини не очекува дека со растот на цените на струјата повеќе домаќинства да се вратат на затоплување со дрва и со тоа да имаме зголемено загадување оваа зима.

Нуредини, во неделното интервју за Радио Слободна Европа, ваквиот став го објаснува со тоа дека предлогот за зголемување на цената на струјата не е финален и дека државата дава субвенции за инвертери, за употреба на пелети или други начини, како пумпи за затоплување и за енергетска ефикасност на објектите.

– Како прво, предлогот за зголемување на цените на струјата не е финализиран, но слушнав дека е можно тоа зголемување да биде чекор по чекор, но за мнозинството граѓаните цените да останат исти. Така што не очекуваме домаќинствата да употребуваат друг извор на затоплување. Секако, во земјава веќе имаме бројни субвенции: за инвертери, за употреба на пелети или други начини, како пумпи за затоплување. Сакаме граѓаните да ги употребуваат субвенциите. Државата дава субвенции од 20 проценти, исто така има и други механизми за употреба на кредити или банкарски заеми. Исто така има 15 или 20 проценти субвенции за енергетска ефикасност. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните да ја заменат употребата на затоплување на домовите со дрва или други материјали кои загадуваат. Всушност, не мислам дека загадувањето оваа година ќе биде зголемено, вели Нуредини во интервјуто за РСЕ.

Прашан за тоа како енергетската криза и увозот на јаглен и мазут за домашно производство на струја ќе се одрази на Зелената агенда, Нуредини вели дека сега имаме енергетска криза, која впрочем не е само во нашата земја и дека цените не растат само во нашата земја, туку растат во цела Европа.

–  Истовремено, како земја, планираме и работиме, а некои проекти веќе се почнати, на инвестирање во обновлива енергија, а тоа значи соларна, ветерна итн. Сега, исто така, сме во финална фаза со тендерската процедура за Чебрен, што ќе биде темел на нашата енергетска стратегија во иднина, изјави Нуредини.

Во однос на тоа дека државата стимулира користење струја за затоплување во услови кога ја немаме доволно, Нуредини одговара дека во исто време прашањето е од каде доаѓа енергијата и за што ја употребуваме.

– Не треба да заборавиме дека инвертерите се многу енергетски ефикасни и се забележува дека во изминатите 4 до 5 години имаме намалување на аерозагадувањето. Тоа ни покажува дека се движиме во правилна насока, дека преземените мерки покажуваат резултати. За жал, не постои решение преку ноќ за аерозагадувањето, додава Нуредини.

 

Затоплување Насер Нуредини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.