За нас беше важен истекот на договорот за гас по десет години. Она што можам да ви го кажам е дека се договоривме за главните елементи кои се многу поволни за Србија. Се договоривме да потпишеме договор за три години, а не за еден месец, како што некои предвидуваа, изјавил Вучиќ.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, и рускиот лидер, Владимир Путин, денеска телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и за развојот на настаните околу Косово, соопшти денеска Кремљ.
– Остварен е телефонски разговор меѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и претседателот на Србија Александар Вучиќ… Договорено е, меѓу другото, Русија да продолжи со непречена испорака на природен гас за Србија, се вели во соопштението во коешто се додава дека „продолжи размената на мислења за бројни меѓународни теми – ситуацијата во Украина и развојот на ситуацијата околу Косово“.
По разговорот, претседателот Вучиќ изјавил:
– Имавме многу добар разговор. Најважна тема беа нашите билатерални односи. За нас беше важен истекот на договорот за гас по десет години. Она што можам да ви го кажам е дека се договоривме за главните елементи кои се многу поволни за Србија. Се договоривме да потпишеме договор за три години, а не за еден месец, како што некои предвидуваа. Друг важен елемент е формулата да остане иста, така што цената за нашата земја ќе биде многу поволна. Останува да се договориме со Гаспром за количините, рече Вучиќ.
Претседателите на двете земји го потврдија взаемното расположение за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Русија и Србија .