Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаќири: Ќе се инвестираат 40 милиони денари во четири училишта во Гостивар

0
By НОВА ТВ Terziova on May 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 30, 2022 11:31

Околу 40 милиони денари годинава ќе инвестира Министeрството за образование и наука за реконструкција на 4 основни училишта на територијата на Гостивар. „Гоце Делчев“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада, за што градежните активности започнаа кон крајот на јануари годинава, додека од февруари во „Фаик Коница“ во Дебреше започната е реконструкција на санитарни јазли и внатрешни ѕидови. И во двете училишта активностите ќе завршат во текот на месец август. А во планот за јавни набавки за годинава предвидена е и реконструкција на основното училиште „Исмаил Ќемали“, како и замена на кров и целосна обнова на кабинетите и работилниците во средното техничко училиште „Гостивар“.

Ова го соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој денеска е во посета на неколку училишта на територијата на општина Гостивар, за која, како што рече, ќе продолжи да биде на инвестициската агенда на МОН и во иднина.

„За оваа Влада вложувањето подеднакво во сите општини, независно дали се урбани или рурални и независно од тоа кој раководи со истите, останува еден од основните принципи во работењето. За нас, сите општини се еднакви и исти, живеат граѓани на Северна Македонија и тие имаат право на подеднаква грижа од страна на институциите на системот“, рече Шаќири за време на посетата на основното училиште „Гоце Делчев“.

Министерот потсети дека во изминатите неколку месеци беа извршени инвестициски активности и во други гостиварски училишта. Во основното училиште „Перпарими“ во јануари годинава заврши реконструкцијата на кровот и санитариите, во гимназијата во градот се изврши санација на санитарните јазли, додека „Фаик Коница“ во Дебреше минатата година доби нова спортска сала од околу 40 милиони денари.

Шаќири рече дека со овие инвестиции голем дел од учениците од оваа општина добиваат подобри услови за едукација, а очекува и локалната самоуправа да даде свој придонес и така со заеднички напори да им се овозможат на младите услови за образование какви што и заслужуваат.

Гостивар Дома МОН Шаќири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.