Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цени до небо – зејтинот 155, лебот 40 денари, млекото 65, брашното 58, на потег е Владата

0
By НОВА ТВ Balaban on June 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 1, 2022 14:15

Освен цените на храната, вивнаа и оние на горивата кои од ноќеска на полноќ се продаваат по околу 100 денари за литар, со што го достигнаа плафонот. Граѓаните се прашуваат дали и кога Владата повторно ќе донесе нов пакет мерки со кои ќе го ублажи барем малку ценовниот шок. 

Основните прехранбени артикли осамнаа денес со нови, повисоки цени – зејтинот се продава по 155, но и по 164 денари, белиот леб е 40 денари, млекото 65, брашното 58. Во некои маркети вработените се уште ги ставаа новите цени на артиклите, бидејќи од денеска веќе не важат антикризните мерки со кои беа  ограничени цените на основните прехранбени артикли. Тоа значи дека тие повеќе нема да се продаваат со нула проценти ДДВ, а од денеска и ДДВ-то за бензините се враќа на 18 проценти.

– Потрошувачката денеска е вообичаена, важно е дека ги имаме сите артикли, дека нема празни рафтови. Поголема навалица имаше вчера попладне и синоќа, дел од купувачите ги набавуваа основните намирници по стари цени. Зејтинот денеска, на пример, е поскап за околу 20 денари, ни изјавија во еден маркет, кој е дел од познатиот синџир маркети во Скопје.

Нови, повисоки цени за најмалку 5 отсто ќе има и за месото, јајцата, белиот шеќер, млеко и павлака, бел ориз.

Освен цените на храната, вивнаа и оние на горивата кои од ноќеска на полноќ се продаваат по околу 100 денари за литар, со што го достигнаа плафонот. Според новите цени, Еуросупер БС-95 се продава за 104 денари, Еуросупер БС-98 за 106,5 денари за литар, дизелот за 95 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 93 денари.

Граѓаните се прашуваат дали и кога Владата повторно ќе донесе нов пакет мерки со кои ќе го ублажи барем малку ценовниот шок, бидејќи  Владата на вчерашната седница не усвои нови антикризни мерки.

На прашањето ќе има ли и кога нов сет мерки, од Владата за одговор упатуваат на Министерството за финансии – дали и колку финансиски средства за оваа намена се планирани со ребалансот на Буџетот, кој е во собраниска процедура.

За тоа дали наскоро ќе предложат некоја нова антикризна мерка или ограничување на маржата од Министерство за економија изјавија:

– Немаме ништо повеќе да кажеме освен ставот од Владата. Во надлежност на Министерство за економија беа маржите, а министерот уште пред една недела кажа дека таа мерка нема да се продолжи. За останатите мерки во Министерство за финансии и во Влада, изјавија од ова Министерство.

Со ребалансот „инфузија“ од 76 милиони евра за нови антикризни мерки.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, пред пет дена на  заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир, нагласи дека очекува Собранието во наредните денови да закаже пленарна седница за ребалансот.

„Со ребалансот се дава одговор на кризата. Мерките што се најавени, се гледаат. Зошто одиме со овој ребаланс и што сакаме да постигнеме – требаше да се адресираат сите потребни прашања меѓу кои и дополнителни средства за кризата за мерки за ранливите категории, кои ќе бидат привремени зависно од потребите, но и да се одржат политиките што ќе значат зачувување на растот. Бидејќи трошоците значително се зголемија и дефицитот се зголемува за 150 милиони евра. При тоа со ребалансот има и околу 13,4 милијарди денари кратења, но во исто време има и додавања”, истакна Бесими.

Тој потенцира дека тоа што е ставено во Предлог – ребалансот на буџетот, се очекува и да се реализира.

Зголемувања, потенцира Бесими, има во социјалата и земјоделството, а предвидени се и 76 милиони евра за антикризни мерки.

Љубица Балабан
Влада денари зејтинот Лебот маркет млекото осамнаа прехранбени артикли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.