Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лондон го слави платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, кралскиот спектакл го гледа целиот свет

0
By Соња Крамарска on June 2, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2022 14:00

Денеска во Лондон започнаа четиридневните прослави во чест на 70-годишнината на тронот на кралицата Елизабета Втора. Официјалните прослави за платинестиот јубилеј започнаа со Trooping the Color, годишен воена парада со која од 1760 година се одбележува официјалниот роденден на суверенот. Се очекува кралицата да им се придружи на членовите на нејзиното семејство на балконот на Бакингемската палата на крајот на настанот, кога над палатата и насобраните граѓани пред балконот ќе протатнат 70 воени авиони на Кралското воздухопловство, наредени во свечена формација и во бојата на британското знаме.

Прославата на владеењето на Елизабета вклучува богослужба на благодарноста утре во катедралата Свети Павле во Лондон, концерт во Бакингемската палата во сабота и натпревар организиран од илјадници изведувачи од училишта и групи од секаде низ земјата во неделата попладне. Посебно внимание на денешниот дел од прославата привлекоа трите деца на принцот Вилијам и сопругата Кејт, Џорџ, Шарлота и Луис кои се возеа во кочија со нивната мајка и со сопругата на престолонаследникот Чарлс, Камила.

Во текот на викендот, се очекува да се одржат илјадници улични забави низ целата земја, како дел традицијата што започна со крунисувањето на кралицата во 1953 година.

96-годишната кралица е монарх со најдолго владеење во Британија и прва што успеала да се задржи седум децении на тронот. Јубилејот им дава шанса на многу луѓе – дури и оние кои често се рамнодушни кон монархијата – да размислуваат за состојбата на нацијата и огромните промени што се случија за време на владеењето на Елизабета.

Поранешниот премиер Џон Мејџор – еден од 14-те премиери од владеењето на кралицата – рече дека стоичкото присуство на монархот помогнало да се управува земјата во текот на децениите.„Кралицата го претставуваше нашето подобро јас повеќе од 70 години“, изјави тој за Би-Би-Си.

Во писмена јубилејна порака, кралицата им се заблагодари на луѓето во Британија и ширум Комонвелтот вклучени во организирањето на прославите. „За многумина, оваа прилика е прва можност за голем собир од почетокот на пандемијата. Продолжувам да бидам инспирирана од добрата волја што ми ја укажавте и се надевам дека наредните денови ќе дадат можност да размислувам за сето она што е постигнато во последните 70 години, додека гледаме на иднината со доверба и ентузијазам“, се вели во пораката.

Пристигнаа честитки од светските лидери. Францускиот претседател Емануел Макрон ја нарече Елизабета „златната нишка што ги врзува нашите две земји“ и една од „многу малкуте константи“ на меѓународната сцена. „Ти си наш пријател, толку близок сојузник, наш пример како треба да се биде на услуга на другите“, ѝ рекол Макрон на кралицата во видео порака на англиски јазик.

Во чест на јубилејот, од Калифорнија допатуваа и принцот Хари со сопругата Меган и нивните деца Арчи и Лилибет. (АП)

70 години на тронот Бакингемска палата Емануел Макрон Платинест јубилеј на Кралицата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.