Ниту еден опозициски лидер не дојде на прославата за 20-годишнината на ДУИ. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека не е време за прослави, пишува Алсат.
Албанските политички партии во опозиција рекоа дека средствата за овие прослави треба да бидат наменети за други цели.
„Имам многу попаметни работи отколку да одам да славам“, рече Билал Касами, претседател на движењето Беса.
„Тие го изгубија контактот со реалноста како резултат на долговечноста на власт. Не знаеме што слават“, рече Елми Азири, Алијанса за Албанците.
Oд ДУИ велат дека не се загрижени за оценките на опозицијата.
„Не ни е гајле дали сме фаворити на некоја политичка партија, ние сме одговорни пред граѓаните. Се додека ја имаме поддршката од граѓаните, ДУИ ќе биде „кингмејкер“ на политичката сцена на земјата“, рече Аребр Адеми, ДУИ.
ДУИ три дена по ред организираше прослави по повод 20-годишнината од своето постоење а се верува дека концертите чинеле десетици илјади евра.